ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/8 стр. 3-4
  • Што се случува по смртта?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случува по смртта?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во каква состојба се мртвите?
  • Што всушност е пеколот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Воскресение — за кого и каде?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Дали навистина постои пекол?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Смртта не е крај на сѐ!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/8 стр. 3-4

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОИ ЖИВОТ ПО СМРТТА?

Што се случува по смртта?

Возрасни и деца собрани крај ковчег на гробишта

„Мислев дека има три места на кои некој може да отиде по својата смрт: на небо, во пекол или во чистилиште. Бев свесен дека ниту сум толку добар за да одам на небото ниту толку лош за да одам во пеколот. А воопшто не ми беше јасно што точно е чистилиштето. Никогаш немав прочитано нешто во Библијата за овие три работи. Сѐ што знаев беше она што го чув од другите“ (Лајонел).

„Иако бев поучен дека сите луѓе по смртта одат на небото, не бев сигурен дека тоа е така. Мислев дека со смртта завршува сѐ — дека мртвите немаат никаква иднина“ (Фернандо).

Дали некогаш си се прашал: ‚Што навистина се случува по смртта? Дали нашите сакани кои починале се мачат некаде? Дали ќе ги видиме некогаш повторно? Од каде можеме да бидеме сигурни?‘ Да видиме што пишува во Библијата во врска со оваа тема. Најпрво, ќе разгледаме со што е споредена смртта. Потоа, ќе видиме каква надеж ни дава Божјата Реч, Библијата.

Во каква состојба се мртвите?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо, и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен. Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила, зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“ a (Проповедник 9:5, 10).

Едноставно кажано, „гробот“ е симболично место во кое се наоѓаат сите луѓе што умреле. Тоа е состојба на непостоење, односно место во кое нема никаква активност. Што претставувал „гробот“ за верниот човек Јов? Тој во еден ден ги изгубил сите свои деца и целиот свој имот, а потоа му се појавиле болни чиреви по целото тело. Јов го молел Бог: „О, да ме скриеше во гробот [„во пеколот“, Превод на МПЦ]“ (Јов 1:13-19; 2:7; 14:13). Според ова, јасно е дека Јов не верувал дека „гробот“ или „пеколот“ е место каде што маките ќе му станеле уште поголеми. За Јов, гробот бил место кое ќе му донело ослободување од маките што веќе ги имал.

За состојбата на мртвите можеме да дознаеме и од библиските извештаи за осум луѓе кои воскреснале по својата смрт. (Види ја рамката „Осум воскресенија за кои се зборува во Библијата“.)

Овие осум луѓе кои воскреснале не спомнале дека по смртта отишле во некаков рај или на некое место каде што биле мачени. Ако навистина отишле на некое такво место, зар немало да им кажат на другите за тоа? Зарем немало тоа да биде запишано во Библијата? Во Божјата Реч воопшто не се спомнува такво нешто. Зошто? Затоа што, кога умреле, овие луѓе биле во бесознание, како да заспале во длабок сон. Всушност, и во самата Библија понекогаш смртта е споредена со спиење. На пример, за Давид и Стефан, кои биле верни слуги на Бог, пишува дека заспале во смртен сон (Дела 7:60, фуснота; 13:36, фуснота).

Но, има ли надеж за мртвите? Можат ли да се разбудат од смртниот сон?

a Во Светото писмо — превод Нов свет зборот „гроб“ се користи како превод на хебрејскиот збор „шеол“ и грчкиот збор „ад“. Во некои преводи на Библијата наместо зборот „гроб“ се користи зборот „пекол“, но идејата дека тоа е место во кое мртвите се мачат со оган не се темели на Библијата.

ОСУМ ВОСКРЕСЕНИЈА ЗА КОИ СЕ ЗБОРУВА ВО БИБЛИЈАТАb

Синот на вдовицата од Сарепта: Пророкот Илија го воскреснал синот на една вдовица која живеела во Сарепта, во северен Израел (1. Царевите 17:17-24).

Синот на Сунамката: Елисеј, кој бил пророк по Илија, воскреснал едно дете во градот Сунам (2. Царевите 4:32-37).

Мртов човек во гроб: Телото на еден човек кој бил мртов било погребано во истиот гроб каде што биле положени коските на пророкот Елисеј. Кога телото ги допрело коските на пророкот, човекот воскреснал (2. Царевите 13:20, 21).

Синот на вдовицата од Наин: Исус запрел една погребна поворка надвор од градот Наин за да воскресне едно момче и да ѝ го врати на неговата ужалена мајка (Лука 7:11-15).

Ќерката на Јаир: Јаир, кој бил настојник на синагогата, го замолил Исус да ја излечи неговата болна ќерка. Таа починала, но Исус ја воскреснал кратко по нејзината смрт (Лука 8:41, 42, 49-56).

Лазар, пријателот на Исус: Иако Лазар бил мртов веќе четири дена, Исус го воскреснал пред очите на мноштво луѓе (Јован 11:38-44).

Една жена по име Дорка: Апостол Петар ја воскреснал оваа мила жена која била позната по својата добрина (Дела 9:36-42).

Едно момче кое се викало Ефтих: Ефтих паднал од еден висок прозорец и умрел. Апостол Павле го вратил повторно во живот (Дела 20:7-12).

b Како што ќе видиме во следната статија, најважното воскресение — воскресението на Исус Христос — било многу поразлично од овие осум воскресенија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели