ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 1 стр. 4-5
  • До што води нечесноста?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • До што води нечесноста?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НЕЧЕСНОСТА ЈА УНИШТУВА ДОВЕРБАТА
  • НЕЧЕСНОСТА РАЃА НЕЧЕСНОСТ
  • Притисок да се биде нечесен
    Разбудете се! 2012
  • Зошто вреди да се биде чесен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2011
  • Биди чесен во сѐ
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 1 стр. 4-5
Две жени зборуваат

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ЧЕСЕН?

До што води нечесноста?

„Секогаш има тешки ситуации кои можат да се решат со само малку нечесност“ (Саманта, Јужна Африка).

Дали се согласуваш со оваа изјава? Исто како Саманта, секој од нас се нашол во тешка ситуација. Од начинот на кој ќе постапиме кога сме под притисок да направиме нешто нечесно ќе се види какви се нашите морални вредности. На пример, ако ни е најважно што ќе мислат другите за нас, тогаш најверојатно на нечесноста ќе гледаме само како на лесен излез од тешка ситуација. Но, кога вистината ќе излезе на виделина, нечесноста ќе си донесе последици. Да видиме некои од нив.

НЕЧЕСНОСТА ЈА УНИШТУВА ДОВЕРБАТА

Секој однос се гради врз основа на доверба. Кога двајца имаат доверба еден во друг, се чувствуваат сигурно и заштитено. Но, довербата не се стекнува прекуноќ. Таа се гради преку дружење, искрен разговор и несебични постапки. Меѓутоа, доволна е само една нечесна постапка за довербата да се изгуби. А откако еднаш ќе се изгуби, многу тешко се враќа.

Ти се случило ли да те излаже некој што си го сметал за близок пријател? Како се чувствуваше? Веројатно повредено, па дури и изневерено. Таквите чувства се нормални. Нема сомнение дека нечесноста може да раскине блиски врски.

НЕЧЕСНОСТА РАЃА НЕЧЕСНОСТ

Едно истражување што го спровел Роберт Инес, професор по економија при Универзитетот Калифорнија, покажало дека „нечесноста е заразна“. Може да се каже дека таа е слична на вирус — колку повеќе си во контакт со некој што е нечесен, толку поголема е опасноста и ти да се „заразиш“ со нечесност.

Како да ја избегнеш замката да станеш нечесен? Во тоа може да ти помогне Библијата. Да разгледаме неколку библиски начела.

Некои видови нечесност

Лажење

Човек го вади венчалниот прстен

ШТО Е ЛАЖЕЊЕ? Да му се каже нешто неточно на некој што има право да ја знае вистината. Лажењето вклучува погрешно да се прикажат или да се извртат фактите со цел да се наведе некого на погрешен заклучок, да се испуштат важни информации со цел да се измами некого или да се преувеличат фактите со цел да се остави погрешен впечаток.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „На Јехова му е одвратен расипаниот човек а близок е со справедливите“ (Изреки 3:32). „Сега кога сте ја отфрлиле лагата, зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ (Ефешаните 4:25).

Клеветење

Двајца мажи си шепотат додека друг маж влегува во собата

ШТО Е КЛЕВЕТЕЊЕ? Да се кажат неточни и злонамерни изјави што ќе нарушат нечиј углед.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Човекот што смислува сплетки, започнува караници, и клеветникот ги раздвојува оние што се блиски“ (Изреки 16:28). „Кога снемува дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, караницата престанува“ (Изреки 26:20).

Измама

Човек покажува кон рачни часовници скриени во неговото палто

ШТО Е ИЗМАМА? Лажно да се прикажат фактите за да се присвои нечиј имот или пари.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Не мами го наемникот кој е страдалник и сиромав“ (5. Мојсеева 24:14, 15). „Кој го мами бедниот, го срамоти својот Творец, а оној што е милостив кон сиромашниот, Го слави“ (Изреки 14:31).

Крадење

Човек краде паричник од чанта

ШТО Е КРАДЕЊЕ? Без дозвола да се земе нешто што е туѓа сопственост.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Кој крадел, повеќе да не краде, туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце, за да има да му даде нешто на оној што е во немаштија“ (Ефешаните 4:28). „Не залажувајте се... ни крадци, ни алчни, ни пијаници, ни оние што зборуваат погрдно, ни изнудувачи нема да го наследат Божјето царство“ (1. Коринќаните 6:9, 10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели