ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 1 стр. 4
  • Како да почнеш да ја читаш Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да почнеш да ја читаш Библијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Сличен материјал
  • Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како можам да го направам попријатно читањето на Библијата?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 1 стр. 4

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ИНТЕРЕСНА!

Како да почнеш да ја читаш Библијата?

Една жена се моли пред да ја чита Библијата

Како да уживаш во читањето на Библијата и подобро да ја разбереш? Да разгледаме пет предлози.

Читај во пријатен амбиент. Најди тивко место за читање. Пробај да се тргнеш од сѐ што би можело да те деконцентрира. Добрата осветленост и свежиот воздух помагаат да извлечеш најголема корист од читањето.

Читај со исправен став. Бидејќи Библијата е книга од нашиот небесен Татко, читај ја како едно дете што сака да учи од својот добар и грижлив родител. Ако имаш некои негативни, однапред создадени заклучоци за Библијата, тргни ги настрана и дозволи Бог да те поучува (Псалм 25:4).

Помоли се пред да читаш. Во Библијата се запишани мисли од Бог, па затоа не е за изненадување што ни е потребна помош за да ја разбереме. Бог ветил дека „ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа“ (Лука 11:13). Светиот дух ќе ти помогне да сфатиш како размислува Бог. Така, со текот на времето ќе ги разбереш „дури и Божјите длабочини“ (1. Коринќаните 2:10).

Читај со цел да разбереш. Немој само да прелетуваш преку страниците. Размислувај за она што го читаш. Поставувај си прашања како, на пример: „Какви особини гледам кај личноста за која читам? Како може ова да ми користи во животот?“

Постави си конкретни цели. За да извлечеш корист од читањето, постави си цел да научиш нешто што ќе те збогати како личност. Таква цел може да ти биде подобро да го запознаеш Бог, или, пак, да станеш подобар човек, подобар сопруг или подобра сопруга. Потоа, избери кои делови од Библијата ќе ги читаш за таа цел.a

Овие пет предлози ќе ти помогнат да започнеш со читањето. Но, како може тоа да ти стане поинтересно? Следната статија зборува за тоа.

a Ако не си сигурен кои делови да ги читаш, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат.

ИЗВЛЕЧИ НАЈГОЛЕМА КОРИСТ

  • Читај внимателно, без да брзаш

  • Внеси се во она што го читаш и претстави си ги настаните

  • Обиди се да увидиш како се поврзани стиховите еден со друг

  • Барај поуки во она што го читаш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели