ЛЕКЦИЈА 11
Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
Дали некогаш си сакал да започнеш некој голем проект, но те фаќало страв и од самата помисла на тоа? За да ти биде полесно, можеби си го поделил на неколку помали делови. Истото може да се примени кога станува збор и за читањето на Библијата. Можеби се прашуваш: „Од каде да почнам?“ Во оваа лекција ќе разгледаме неколку едноставни предлози кои ќе ти помогнат да уживаш во читањето и проучувањето на Библијата.
1. Зошто треба редовно да ја читаме Библијата?
Ако редовно ја читаме Библијата, односно „законот на Јехова“, ќе бидеме и среќни и успешни. (Прочитај Псалм 1:1-3). За почеток, обиди се да читаш само по неколку минути секој ден. Колку повеќе се запознаваш со содржината на Божјата Реч толку повеќе ќе уживаш додека ја читаш.
2. Што ќе ни помогне да извлечеме корист од читањето на Библијата?
За да извлечеме најголема корист од читањето на Библијата, треба да застанеме и длабоко да размислуваме за она што сме го прочитале (Исус Навин 1:8, фуснота). Додека читаш, поставувај си прашања како, на пример: „Што учам од ова за Јехова Бог? Како можам да го применам ова во мојот живот? Како можам да ги искористам овие стихови за да им помогнам на другите?“
3. Што ќе ти помогне да најдеш време за да ја читаш Библијата?
Дали ти е тешко да најдеш време за да ја читаш Библијата? Ако да, не си единствениот. Библијата нѐ поттикнува: „Откупувајте си време“ (Ефешаните 5:16). Што би значело тоа? Да си одвоиме време за да ја читаме Библијата секој ден и да си одредиме кога точно ќе го правиме тоа. Некои си одвојуваат време за да ја читаат Библијата рано наутро. Други, пак, тоа го прават подоцна во денот, можеби додека имаат пауза за ручек. А некои ја читаат Библијата навечер, пред да си легнат. Кое време најмногу ти одговара тебе?
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш како може читањето на Библијата да ти биде поинтересно и како можеш да се подготвуваш за да извлечеш најголема корист од овој библиски курс.
Исто како што со текот на времето може да засакаме некое јадење, така може да го засакаме и читањето на Библијата.
4. Научи да уживаш во читањето на Библијата
Можеби не ни е лесно да почнеме да ја читаме Библијата. Но, исто како што со текот на времето може да засакаме некое јадење, така може да го засакаме и читањето на Библијата. Прочитај 1. Петрово 2:2, а потоа разговарајте за ова прашање:
Што мислиш, дали повеќе ќе уживаш во читањето на Библијата ако почнеш да ја читаш секој ден?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ за да дознаеш како некои почнале да уживаат во читањето на Библијата. Потоа разговарајте за следниве прашања:
Со какви предизвици се справиле младите што беа прикажани во видеоклипот?
Што им помогнало да не се откажат од својата цел редовно да ја читаат Библијата?
Што направиле за повеќе да уживаат во читањето на Библијата?
Корисни предлози:
Избери точен превод на современ јазик. Ако е достапен на твојот јазик, можеш да го читаш Превод Нов свет.
Почни да го читаш оној дел што мислиш дека ќе ти биде најинтересен. Некои идеи можеш да најдеш во табелата „Почни да ја читаш Библијата“.
Обележи до каде си стигнал. Користи ја табелата „Моето читање на Библијата“.
Користи ја апликацијата JW Library®. Со помош на оваа апликација, можеш да ја читаш Библијата на твојот електронски уред каде и да се наоѓаш. Исто така, можеш да слушаш аудиоснимки на јазик кој го разбираш.
Користи ги додатоците во Превод Нов свет. Во неа има карти и табели кои ќе ти помогнат читањето на Библијата да ти биде поинтересно.
5. Подготвувај се за библискиот курс
Прочитај Псалм 119:34, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто е добро да се молиш пред да ја читаш Библијата и пред да почнеш да се подготвуваш за библискиот курс?
Како можеш да извлечеш најголема корист од библискиот курс? Додека се подготвуваш за секоја лекција, пробај го следново:
А) Прочитај го првиот дел од лекцијата.
Б) Прочитај ги библиските стихови и обиди се да разбереш како се поврзани со темата.
В) Обележи ги клучните зборови или изрази кои даваат одговор на прашањата. Ова ќе ти биде од помош во текот на библискиот курс.
Дали си знаел?
Јеховините сведоци користат различни преводи на Библијата. Но, особено го ценат Превод Нов свет бидејќи е точен, јасен и во него се користи Божјето име. (Види ја статијата на интернет „Дали Јеховините сведоци имаат своја Библија?“)
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Немам ни време ни сила да ја проучувам Библијата“.
Што мислиш ти за тоа?
ШТО НАУЧИ:
За да извлечеш најголема корист од Библијата, одреди време кога ќе ја читаш, моли се да го разбереш прочитаното и подготвувај се за библискиот курс.
Како би одговорил?
Што ќе ти помогне да извлечеш најголема корист од Библијата?
Во кое време би можел да ја читаш и да ја проучуваш Библијата?
Зошто е корисно да се подготвуваш за библискиот курс?
ИСТРАЖУВАЈ
Разгледај некои предлози кои може да ти помогнат да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата.
„Библијата може да ти биде интересна!“ (Стражарска кула бр. 1, 2017)
Дознај на кои три начини можеш да ја читаш Библијата.
„Како може да ми помогне Библијата? — прв дел: Истражувај ја Библијата“ (Статија на интернет)
Откриј како можеш да уживаш во читањето на Библијата.
Слушни неколку предлози од некои што со години ја проучуваат Библијата.