ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 6 стр. 12-14
  • Зошто има толку многу Библии?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто има толку многу Библии?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БИБЛИЈАТА
  • ГРЧКАТА СЕПТУАГИНТА
  • ЛАТИНСКАТА ВУЛГАТА
  • СЀ ПОВЕЌЕ ПРЕВОДИ
  • Божјето име и „Новиот завет“
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • „Септуагинтата“ — корисна во минатото и сега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Како дошла Библијата до нас — дел еден
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Треба ли да научиш хебрејски и грчки?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 6 стр. 12-14
Примероци на Библијата во различни пишани и електронски облици

Зошто има толку многу Библии?

Зошто денес има толку многу преводи на Библијата? Дали новите преводи ни помагаат или ни отежнуваат да ја разбереме Библијата? Ако дознаеш нешто повеќе за тоа како биле направени тие преводи, ќе ти биде полесно да процениш во кои од нив можеш да имаш доверба.

Најпрво да видиме кој ја напишал Библијата и кога.

БИБЛИЈАТА

Библијата обично се дели на два дела. Првиот дел има 39 книги кои ги содржат „светите Божји објави“ (Римјаните 3:2). Под водство на Бог, некои верни мажи ги напишале овие книги во текот на долг период од околу 1.100 години — од 1513 год. пр.н.е. до некое време по 443 год. пр.н.е. Тие главно пишувале на хебрејски, па затоа овој дел го нарекуваме Хебрејски списи, а познат е и како Стар завет.

Вториот дел има 27 книги кои исто така се „реч Божја“ (1. Солуњаните 2:13). Под водство на Бог, некои ученици на Исус Христос ги напишале овие книги во текот на многу пократок период од околу 60 години — некаде од 41 год. од н.е. до 98 год. од н.е. Бидејќи главно пишувале на грчки, овој дел го нарекуваме Христијански грчки списи, а познат е и како Нов завет.

Овие 66 книги ја сочинуваат Библијата — пораката од Бог до луѓето. Но, зошто биле направени различни преводи на Библијата? Еве три главни причини:

  • Да можат луѓето да ја читаат Библијата на мајчин јазик.

  • Да се поправат грешките што ги направиле препишувачите и со тоа да се зачува изворниот текст на Библијата.

  • Да се заменат застарените и нејасни изрази.

Да видиме како овие работи важат за два постари преводи.

ГРЧКАТА СЕПТУАГИНТА

Околу 300 години пред Исус, еврејските изучувачи почнале да ги преведуваат Хебрејските списи на друг јазик — грчки. Овој превод станал познат како грчката Септуагинта. Зошто бил направен? За да можат големиот број Евреи, кои во тоа време повеќе го зборувале грчкиот отколку хебрејскиот јазик, да ги познаваат „светите списи“ (2. Тимотеј 3:15).

Исто така, Септуагинтата им помогнала на милиони не-Евреи кои зборувале грчки да дознаат за што поучува Библијата. Како? Професор Вилберт Хауард рекол: „Од средината на првиот век, на неа почнало да се гледа како на Библија на христијанската црква, чии мисионери оделе од синагога до синагога докажувајќи од светите списи дека Исус е Месијата“ (Дела 17:3, 4; 20:20). Според библискиот изучувач Фредерик Брус, тоа било една причина зошто многу Евреи почнале „сѐ помалку да ја користат Септуагинтата“.

Како што биле завршувани книгите од Христијанските грчки списи, учениците на Исус ги додавале на Септуагинтата. Така настанала Библијата што ја имаме денес.

ЛАТИНСКАТА ВУЛГАТА

Околу 300 години откако било завршено пишувањето на Библијата, изучувачот Ероним ја превел Библијата на латински. Тој превод станал познат како латинската Вулгата. Со оглед на тоа што веќе постоеле преводи на Библијата на латински, зошто било потребно да се направи уште еден? Во една енциклопедија пишува дека Ероним сакал да ги поправи „грешките во преводот, очигледните грешки и местата каде што бил додаден или одземен текст“ (The International Standard Bible Encyclopedia).

Ероним поправил многу такви грешки. Но, со текот на времето, црковните водачи направиле огромна штета. Тие ја прогласиле латинската Вулгата за единствен одобрен превод на Библијата, и тоа останало така со векови! На тој начин, наместо да му помогне на обичниот народ да ја разбере Библијата, латинската Вулгата не му користела речиси никому, бидејќи повеќето луѓе воопшто не знаеле латински.

СЀ ПОВЕЌЕ ПРЕВОДИ

Во меѓувреме, некои луѓе продолжиле да прават нови преводи на Библијата како, на пример, познатата сириска Пешита, која била завршена некаде во петтиот век од н.е. Но, дури во 14 век биле вложени нови напори за многу луѓе да ја добијат Библијата на својот јазик.

Во Англија, при крајот на 14 век, Џон Виклиф почнал да ја преведува Библијата на англиски за да може да ја разбере и обичниот народ. Кратко потоа, со помош на печатарската машина на Јохан Гутенберг, сѐ повеќе библиски изучувачи можеле да ги умножуваат новите преводи на Библијата на најразлични јазици кои се зборувале низ цела Европа.

Кога се појавиле повеќе англиски преводи, некои критичари сметале дека не е потребно да се прават нови преводи на истиот јазик. Англискиот свештеник Џон Луис, кој живеел во 18 век, напишал: „Бидејќи со текот на времето јазикот застарува и станува неразбирлив, неопходно е старите преводи да се обноват во склад со современиот јазик за да бидат разбирливи за новите генерации“.

Денес, библиските изучувачи можат многу полесно да ги ревидираат старите преводи. Тие многу подобро ги разбираат јазиците на кои била напишана Библијата и имаат на располагање древни библиски ракописи кои биле пронајдени во поново време. Благодарение на тие ракописи, изучувачите можат уште поточно да утврдат што стоело во изворниот текст на Библијата.

Новите преводи на Библијата имаат голема вредност. Се разбира, со некои преводи е потребно да бидеме внимателни.a Но, доколку преведувачите биле поттикнати од искрена љубов кон Бог, нивниот превод на Библијата може многу да ни користи.

За да ја читаш Библијата на твојот јазик онлајн или за да ја преземеш, оди на www.jw.org/mk. Оди на ИЗДАНИЈА > БИБЛИЈА.

a Види ја статијата „Како да избереш добар превод на Библијата?“ во Стражарска кула од 1 мај 2008.

БОЖЈЕТО СВЕТО ИМЕ ВО БИБЛИЈАТА

Божјето име во фрагмент од Септуагинтата од времето на Исус

Божјето име во фрагмент од Септуагинтата од времето на Исус

Во Светото писмо — превод Нов свет се користи Божјето свето име, Јехова, и во Хебрејските списи и во Христијанските грчки списи. Меѓутоа, ова не е случај во повеќето современи Библии, во кои на местото на Божјето име стои „Господ“ или „Господар“. Според некои преведувачи, една причина за ова е тоа што Божјето лично име, претставено со тетраграмот ЈХВХ, воопшто не се појавува во Септуагинтата — грчкиот превод на Хебрејските списи. Но, дали тоа е точно?

Во средината на 20-тиот век биле пронајдени стари фрагменти од Септуагинтата кои постоеле уште во времето на Исус. Тие го содржат Божјето име напишано со хебрејски букви. Се чини дека препишувачите подоцна го отстраниле Божјето име и го замениле со грчкиот збор Кириос, кој значи „Господар“. Во преводот Нов свет Божјето име е вратено на сите места каде што стоело во изворниот текст.

ДАЛИ БИБЛИЈАТА БИЛА ИЗМЕНЕТА?

Свиток на Исаија од Мртвото Море

Свиток на Исаија од Мртвото Море од пред 2.000 години, чиј текст е речиси идентичен со оној што го имаме во Библијата денес

Иако препишувачите на Библијата правеле грешки, ниту една нивна грешка не ја изменила пораката на Библијата. „Направените грешки не влијаеле врз ниту едно основно христијанско учење“ (Our Bible and the Ancient Manuscripts).

„Еврејските препишувачи од првите векови на христијанството го препишувале текстот од Хебрејските списи со најголема точност.“ Овие препишувачи направиле најмалку грешки (Second Thoughts on the Dead Sea Scrolls).

На пример, еден свиток на Исаија пронајден со свитоците од Мртвото Море е 1.000 години постар од останатите текстови што биле достапни тогаш. Дали текстот на тој свиток е поинаков од текстот што го имаме денес? Утврдено е дека „на сосема малку места бил додаден или одземен збор“ (The Book. A History of the Bible).

Грешките — како букви, зборови или изрази со изменет редослед — кои ги направиле некои невнимателни препишувачи, денес можат лесно да се откријат и исправат. „Во светот не постои друга збирка на древни литературни дела која може да се пофали со толку многу докази за веродостојноста на текстот како Новиот завет“ (The Books and the Parchments).

„Загрижените верници можат да бидат спокојни бидејќи текстот што преживеал и покрај безбројните препишувања и печатења во Европа е речиси идентичен дури и со најраните библиски папируси од Египет“ (The Book. A History of the Bible).

Дали Библијата била изменета? Во никој случај!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели