Известувања
◼ Понуда на литература за септември: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Октомври: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Претплати може да се нудат на повторни посети. Ноември: Книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Ако ја немате на залиха оваа публикација, користете ја Моја книга со библиски приказни или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14). Ве молиме, нарачајте ги потребните додатни списанија за растурање во октомври.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кого тој го одредил, треба да ги прегледа собраниските сметки до 1. септември или колку што е можно побрзо после тоа. Известете го собранието штом тоа ќе биде направено.
◼ Објавителите кои планираат да бидат помошни пионери во октомври треба благовремено да ги предадат своите молби. Тоа ќе овозможи стерешините да ги направат неопходните подготовки за литература и за подрачја.
◼ Подготвена е нова Листа на публикации на Watchtower која ќе биде испратена во четири примероци на секое собрание. Тие треба да им бидат доставени на секретарот и на браќата што се грижат за литература, списанија и сметки.
◼ Се потсетуваат старешините темелно да ги следат упатствата што се дадени на страници 21-23 во Стражарска кула од 15. април 1991, во врска со сите исклучени или одделени лица кои можеби би сакале да бидат повторно примени.
◼ Отсега натаму, на сите пластични фолии за значки ќе има и игла и штипка. Повеќе не може да се добијат пластични фолии за значки само со штипка.