Дали си во тек со теократските изрази?
1 Колку сме среќни што го знаеме чистиот јазик на вистината. Овој „чист јазик“ е библиската вистина, „образец на здравите зборови“ (Софонија 3:9; 2. Тим. 1:13, обата НС). Тој ја надминува гордоста, го велича Бог и ги обединува сите што го зборуваат. За да се зборува овој „чист јазик“ не е потребно да се учи нов човечки јазик, зашто тој може да се изрази преку било кој јазик што постои денес. Меѓутоа, изискува употреба на зборови или изрази кои можеби не се секогаш вообичаени меѓу луѓето од светот.
2 Колку сме благодарни што Јеховината организација нѐ поучува да користиме зборови или изрази кои исто така го одразуваат духот на библиските стихови или на теократските науки! И колку сме охрабрени што знаеме дека нашите браќа и сестри, без оглед каде живеат на Земјата, ги користат истите овие теократски изрази на нивниот мајчин јазик!
3 Ова се има на ум кога Јеховината организација прави промени во употребата на извесни зборови или изрази, за да може во секој човечки јазик да се најдат исправните зборови или изрази со кои најдобро ќе се изрази јазикот на вистината. Токму од таа причина, во нашиот јазик се направени извесни промени во теократската терминологија за да се одрази што поточно духот на ‚чистиот јазик‘. Овие нови изрази веќе биле или наскоро ќе бидат употребени во статиите што се појавуваат во нашите списанија, во Наша служба за Царството или во други публикации.
4 Следнава листа илустрира само некои од промените во теократските изрази кои отсега натаму ќе бидат редовно употребувани во нашите публикации:
Сала на Царството (порано: Царска сала)
Состанок за служба (порано: Службен состанок)
Одделување (порано: самоисклучување)
5 Можеби ќе треба време за да се навикнеме на оваа нова терминологија, особено ако сме ги користеле овие стари изрази со години. Меѓутоа, сакаме да бидеме во тек со теократската терминологија бидејќи со таквото постапување ќе останеме обединети со сите наши браќа и сестри по светот, без оглед на човечкиот јазик кој се користи. Така, желбата за обединетост ќе ни помогне да ги направиме потребните промени во нашиот теократски речник.
6 Да бидеме решени да држиме чекор со Јеховината организација и да ги прифатиме предлозите и промените што ни се дадени во врска со терминологијата додека редовно ги читаме нашите списанија и публикации. На овој начин ќе ја покажеме нашата сесрдна поддршка на Јеховината организација и ќе имаме активен удел во унапредувањето на нашето драгоцено единство низ светот.