Состаноци за служба за септември
Седмица од 5. септември
10 мин: Локални известувања и пригодни известувања од Наша служба за Царството.
20 мин: „Зголеми го своето богатство на службата за Царството.“ Надгледникот за служба и уште еден старешина дискутираат за главните мисли од статијата. Разгледајте ја активноста на собранието во претходната година, пофалете го и дајте предлози за подобрување. Нагласете ја целта да се зголеми нашиот личен удел во службата.
15 мин: „Да се негува интерес за книгата Живеј засекогаш.“ Тројца или четворица објавители, меѓу кои и едно дете, дискутираат за статијата, а потоа имаат проба. Тие прикажуваат две или три презентации, а потоа ги разгледуваат, давајќи си еден на друг практични предлози и пофалби.
Песна 32 и заклучна молитва.
Седмица од 12. септември
Песна 54
7 мин: Локални известувања.
20 мин: Христијанското однесување на училиште. Дискусија меѓу старешина и тројца или четворица тинејџери. Во училиште, нашите млади се изложени на различни притисоци да го компромитираат своето почитување кон библиските начела. Повеќето од тие притисоци доаѓаат од активности кои не се директно поврзани со наставата. Опасности наметнува спортот, излегувањето со спротивниот пол и друштвените собири. Старешината дискутира со тинејџерите за „Воншколски активности“, користејќи ја брошурата Училиште, страници 22-25. Младите даваат коментари кои покажуваат дека тие се соочуваат со притисоци да учествуваат во овие работи и, според тоа, ги ценат дадените совети.
18 мин: „Тие не се воздржувале од сведочење.“ Прашања и одговори. Нагласи дека иако сите не можеме да минеме ист број на часови во службата, треба да бидеме радосни и да тежнееме да работиме со сета душа.
Песна 60 и заклучна молитва.
Седмица од 19. септември
Песна 36
10 мин: Локални известувања. Прочитај го благајничкиот извештај и, ако има, благодарност за донациите.
15 мин: „Повторно на училиште.“ Прашања и одговори. Истакни со какви проблеми се соочуваат младите и како можат родителите да им помогнат на своите деца.
20 мин: „Започнување на библиски студии со книгата Живеј засекогаш.“ Дискусија со присутните. Договори се за два приказа врз основа на предложените презентации.
Песна 67 и заклучна молитва.
Седмица од 26. септември
Песна 44
10 мин: Локални известувања. Замоли ги присутните да раскажат кратки искуства за тоа како оставиле книга Живеј засекогаш или започнале студија со неа.
15 мин: По потреба на собранието. Или, да се одржи говор на темел на статијата „Дали ограничувањата те обесхрабруваат?“, од 1. септември 1994, стр. 27, 28.
20 мин: Нудење на Стражарска кула и Разбудете се! во октомври. Нашите списанија играат голема улога во делото на проповедање во целиот свет; тие биле средството преку кое милиони за прв пат ја чуле вистината. Нагласи дека е важно да се користат постојано и да се нудат при работа од врата до врата, дури и кога има понуда на друга литература. Спомени ги користите од седмичен Ден за списанија. Дискутирај за тоа како работата на улица и сведочењето од продавница до продавница отвораат многу прилики за врачување на списанијата. Потсети ги браќата да запишуваат каде оставиле списанија, со цел да започнат рута со списанија. Објасни дека претплати може да се понудат на повторни посети таму каде што постои искрен интерес. Нагласи ја важноста на добрата подготовка пред да се излезе. Тројца објавители, од кои едниот е помлад, нека прикажат кратки презентации на списанија.
Песна 76 и заклучна молитва.