Повторно на училиште
1 Во септември нашите млади започнуваат со новата учебна година. Ги очекуваат убави работи, но постојат и некои што можат да предизвикаат стравување. Многу млади ќе добијат нови наставници, ќе имаат нови предмети и ќе бидат заедно со ученици што не ги познавале дотогаш. Нашите млади сакаат да соработуваат со училишното раководство и да се вклопат меѓу своите соученици, но потребно е да задржат на ум дека треба да се бранат од сѐ што може да биде духовно штетно (1. Кор. 15:33).
2 Главен интерес на децата–Сведоци и на младите е да го избегнуваат заразното влијание на светот, кое денес се пробива во образовните системи на многу земји. И младите и старите христијани мораат храбро да ги отфрлаат световните мерила и начини на размислување кои сега се унапредуваат, а се во врска со морални прашања, и мораат да ‚внимаваат‘ така што ќе се советуваат со Божјата Реч и таа ќе ги води (Пс. 118:9, НС). Заинтересираните родители треба да се инфромираат за сѐ што е опфатено со наставниот план, со цел соодветно да ги упатат своите деца. Ако она што се учи на училиште или на друго место е во судир со светоста и чесноста што се бараат од Јеховините слуги, тогаш тоа мора да се избегнува (1. Петр. 1:15, 16).
3 Исто така, прилично е вообичаено да се наиде на спорни прашања во врска со националистички церемонии, прослави на празници, спортски активности или друштвени собири. Во врска со овие прашања, од помош на христијанските млади им е брошурата Училиштето и Јеховините сведоци. Потенцијално тешките ситуации може да бидат пребродени или сведени на минимум кога родителите на децата ќе ја преземат иницијативата да им пристапат на учителите со примерок од оваа публикација. Тие можат да објаснат дека ова ќе им помогне да разберат зошто Јеховините сведоци избираат да не учествуваат во извесни активности. Со тоа што на учителот ќе му се дадат вакви информации може многу да се придонесе за создавање на дух на соработка.
4 Освен тоа, за учениците кои се христијани ќе биде добро ако меѓу своите книги за часови секогаш имаат личен примерок на брошурата Училиште. Честопати може да се појави прилика за давање сведоштво на другите ученици кои поставуваат прашања кога вниманието е насочено на нашите верувања. Исто така, децата–Сведоци треба во секое време да ја носат со себе својата картичка Медицинско упатство/Ослободување од одговорност или Легитимација што е од годината што е во тек, правилно потврдена и потпишана. Оние кои го применуваат овој совет, сигурно ќе бидат како ‚умниот кој го гледа злото и се клони‘ (Изр. 22:3).