ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/94 стр. 3-4
  • Обрнувајте ѝ внимание на пророчката реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обрнувајте ѝ внимание на пророчката реч
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Имај вера во Божјата пророчка реч!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 12/94 стр. 3-4

Обрнувајте ѝ внимание на пророчката реч

1 „Ја имаме пророчката реч дотолку поцврста“ (2. Петр. 1:19, НС). Зошто го рекол Петар ова? Пророштвата за Царството запишани во Хебрејските списи, како и оние што ги дал самиот Исус Христос, се потврдени, односно направени ‚поцврсти‘, со она што Петар и двајца други ученици го виделе и чуле во сцената на преобразување околу 32 години пред тоа. Оваа драматична визија наново ги уверила дека Исус Христос навистина ќе дојде во силата на Царството со блескава слава и со потполната поддршка од неговиот Татко. Христијаните во првиот век ‚добро правеле што му обрнувале внимание на пророчкото слово, како на светило што свети‘, оти инаку нивните срца би биле во темнина. Ако обрнувале внимание на просветлувачката пророчка реч, ќе биле будни и просветлени до зората на новиот ден кога „Деницата“, Христос, ќе засвети во славата на Царството (2. Петр. 1:16-19; Мат. 17:1-9).

2 Ние не сме биле таму со Петар за да ја видиме славната сцена на преобразувањето. Но сепак, христијаните во оваа генерација, кои обрнале внимание на пророчката реч, високо се повластени да ја видат, не најавата за Христовото Царство, туку надмоќниот доказ дека славниот Цар дословно владее! Со секоја измината година од 1914 наваму, пророчката реч е сѐ поцврста додека сведочиме за исполнувањето на различните елементи на впечатливиот ‚знак‘ за Исусовата царска „присутност“ (НС) што самиот тој го дал. Еден важен дел од знакот е тоа што неговата влада, односно Царството, ќе биде објавена меѓу сите народи пред Царот да му стави крај на овој систем на ствари. Под Христова управа, делото на проповедање за Царството сега се врши во 231 земја во досега незамисливи размери (Мат. 24:3-14). Освен тоа, како што се приближува времето за „големата неволја“ (НС), востоличениот Цар собира едно „големо мноштво“ „од сите . . . народи“ кое доаѓа да изрази вера во „крвта на Агнецот“ (Откр. 7:9, 10, 14).

3 Бидејќи „Деницата“ има засветено, што значи дека Христос има дојдено во силата на Царството, дали сѐ уште има причини да се обрнува внимание на пророчката реч? Да! Прославениот Исус Христос му дал на апостол Јован серија визии кои ја сочинуваат книгата Откровение. Иако биле за охрабрување и поучување на раните христијани, тие се од посебна важност и за оние кои живеат во „Господовиот ден“ во кој живееме и ние (Откр. 1:10, НС). Токму затоа, собранијата на Јеховиниот народ повторно ја проучуваат книгата Откровение.

4 „Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску“ (Откр. 1:3). Ако сакаме да бидеме среќни, мораме да ја сфатиме смислата, да, вистински да ги разбереме тие пророчки визии. Што изискува тоа? Потребно е повторување за да можат нашите срца потполно да ја разберат важноста на извештајот од Откровение. Апостол Петар, член на водечкото тело од првиот век, увидел колку е вредно да ги повторува темелните вистини за духовно да ги ‚подбуди‘ браќата (2. Петр. 1:12, 13). Современиот „верен и разумен роб“ исто така ни помага да го одржиме живо нашето ценење така што секогаш одново ни го свртува вниманието на пророчката реч (Мат. 24:45-47, НС).

5 Како да се обрне внимание: Какво внимание заслужува пророчката реч од Откровението? Апостол Павле нѐ потсетува дека Бог не им зборува на христијаните преку ангели или пророци, како што комуницирал со своите претхристијански слуги. Наместо тоа, Јехова комуницира со нас преку неговиот најценет Син, кого го наименувал „за наследник над сѐ“ (Евр. 1:1, 2). „Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме“ (Евр. 2:1). Да, мораме да обрнеме внимание на Божјата Реч, а посебно на пророчката реч која доаѓа преку Исус Христос. Како можеме да бидеме особено внимателни при нашата студија на Откровението?

6 Прво, многу е важно да бидеме присутни секоја седмица на Собраниската студија на книга. Вистина, за многумина од нас ова ќе биде трет пат да ја проучуваме книгата Откровение. Затоа некои можеби зазеле, на некој начин, ноншалантен став кон посетувањето на студијата на книга, сметајќи дека дури и ако пропуштат некој состанок, тие веќе го познаваат материјалот. Меѓутоа, со секоја измината година овие пророчки информации стануваат поважни и понавремени во однос на 1989, кога за првпат се проучуваше книгата Откровение. Сите ние треба да бидеме будни за денешниве настани кои брзо се одвиваат како исполнување на пророштвата од Откровение. Така ќе бидеме подготвени да постапуваме во склад со Јеховината волја. Нека ти стане лична цел да не пропуштиш ниту една студија на книгата, ако е тоа можно, во текот на ова важно разгледување на Откровението.

7 Второ, добро подготви го градивото. Побарај ги цитираните библиски стихови и размисли како тие го поткрепуваат објаснувањето на стиховите од Откровението што се студираат. На овој начин, нема да добиеш само едноставни одговори на прашањата. Настојувај да стекнеш не само спознание туку и мудрост и разбирање (Изр. 4:7). Трето, активно учествувај така што ќе даваш коментари и ќе читаш стихови. Постави си за цел да одговориш најмалку еднаш, а по можност и неколку пати на секоја студија. Со таквото постапување ќе бидеш сконцентриран на градивото.

8 Да бидеме особено внимателни за пророчката реч не значи само да сме подготвени, присутни и да учествуваме туку и да ‚размислуваме за овие работи, да се задлабочиме во нив‘ и после студијата (1. Тим. 4:15, НС). Ако сакаме пророчката реч да биде како светило што ќе свети во нашите срца, мораме да ѝ дозволиме да влијае длабоко на нашата внатрешна личност — нашите мисли, желби, емоции, мотивации и цели (2. Петр. 1:19). Затоа, треба да си ги поставиме следниве прашања: Што значат за мене лично овие информации? Што научив за Јехова и за неговиот Син, Исус Христос? Врз кои начела почива материјалов? Дали ја сфатив со срцето смислата на студијата? Како можам да ги применам овие вистини во животот, во моето семејство, во собранието? Ако практично го применуваме она што сме го научиле, можеме да речеме како псалмистот: „Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја“ (Пс. 118:105; Јов 29:3, 4).

9 Остани буден во критични времиња: Во 33. н. е., Исус ги предупредил своите ученици за претстојното уништување на Ерусалим и за ситуацијата која ќе го означи времето кога да бегаат на сигурно место (Лука 19:41-44; 21:7-21). Оттогаш поминале преку 30 години. На некои христијани од Јудеја можеби им се чинело дека во блиска иднина немало да се променат многу работи. Колку навремена била опомената од љубениот апостол Петар во неговото второ писмо напишано околу 64. н. е., ‚да му обрнат внимание на пророчкото слово‘! (2. Петр. 1:19). Кратко потоа, во 66. н. е., римските војски го опколиле Ерусалим. Кога римските сили ненадејно се повлекле од непознати причини, христијаните од Јудеја, кои биле будни, ги следеле Исусовите упатства и побегнале. Потоа, во 70. н. е., римските војски се вратиле и потполно го уништиле Ерусалим. Колку мора да им било драго на тие христијани што обрнале особено внимание на Исусовите пророчки зборови!

10 За што сме будни ние како современи христијани? Во визиите на Откровението, Исус ги предупредил денешните христијани за многу настани кои ќе се случат во текот на Господовиот ден. Во текот на изминативе 80 години, извесен број од овие настани веќе се случија: раѓањето на Царството; војната на небото и подоцнежната победа над Сатана и неговите демони, проследена со нивно ограничување на околината на Земјата; падот на Големиот Вавилон; и појавувањето на скерлетната дива ѕверка, осмата светска сила. Исполнувањето на овие аспекти на пророчката реч од Откровение, претставува уште поголема гаранција дека наскоро ќе ги видиме преостанатите драматични настани: запечатувањето на последните членови од 144.000, потполното собирање на големото мноштво, уништувањето на Големиот Вавилон, војната Армагедон, затворањето на Сатана во бездна и Илјадагодишното владеење на Христос. Колку е важно да му обрнеме внимание на Исусовото предупредување: „Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее и пази на алиштата свои, за да не оди гол, и да не се гледа срамот негов“ (Откр. 16:15).

11 Дали сме будни? Колку сериозно ја сфаќаме пророчката реч? Било да сме му го предале на Јехова својот живот пред 5 или пред 50 години, Павловите зборови до христијаните во Рим соодветно се применуваат и на нас: „Знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме. Ноќта помина, а денот се приближи“. Павле потоа ги подбудува христијаните ‚да ги отфрлат сите дела на мракот‘ и ‚да одат чесно‘ (Рим. 13:11-13). Живееме во свет кој во морален поглед е потполно во темнина. Она што претставувало шокантно однесување пред само 30 до 40 години, за голем дел световни луѓе во оваа последна декада на 20-от век е сосема нормално. Внимавајте, браќа, никогаш да не дозволите да залутате во темнината на светот и духовно да станете дремливи. Ако си дозволите попустливост или толерантност кон световното деградирано размислување и начин на живот, ќе ги изгубите од предвид големите спорни прашања со кои денес се соочуваме и кои наскоро ќе бидат засекогаш решени: оправдувањето на Јеховината сувереност и посветувањето на неговото име. Духовната дремливост ќе доведе во опасност нечие спасение, кое е сега толку блиску.

12 Зголемувај го во своето срце ценењето за пророчката реч: Древните еврејски пророци биле живо заинтересирани за исполнувањето на нивните со дух вдахновени изјави за Месијата. Тие ‚барале и испитувале‘ околу исполнувањето на Божјата намера (1. Петр. 1:10, 11). Слично на тоа, ако обрнеш внимание на пророчката реч во книгата Откровение, кај тебе ќе се зголеми ценењето за духовните работи. Ќе ти се зголеми и духовниот апетит, па ќе бидеш подбуден да копаш во „длабините Божји“ (1. Кор. 2:10). Додека го исполнуваш срцето со ценење и љубов кон пророчката реч, ќе нема потреба некој да те поттикнува да ги посетуваш состаноците; самиот ќе бидеш мотивиран да присуствуваш и редовно да учествуваш на нив (Лука 6:45). Ако е ‚словото во твоето срце‘, ќе бидеш наведен ‚со устата да исповедаш за спасение‘ (Рим. 10:8-10).

13 Колку подлабоко навлегуваме во времето на крајот, толку повеќе подигрувачи ќе ни се исмејуваат поради истрајноста на нашата вера во Божјите пророчки објави (2. Петр. 3:3, 4). Сепак, ние ќе останеме будни за пророчката реч. Светилката на Божјата Реч ни покажува каде сме во струјата на времето. Таа блескаво го осветлува фактот дека живееме во последните денови на овој мрачен свет. Деницата засветли! Христос е во силата на Царството! На хоризонтот веќе ја гледаме зората на новиот ден. Нека Божјиот ветен нов свет и понатаму биде исто толку реален за нас како што било Царството за тројцата апостоли кои ја имале предноста да ја видат неговата најава во чудесната визија на Исусовото преобразување!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели