ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/95 стр. 1
  • Фалете го Јехова секојдневно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Фалете го Јехова секојдневно
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Млади, фалете го Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Фали го Јехова секој ден
    Нашата служба за Царството 2009
  • Ти можеш да сведочиш неформално!
    Нашата служба за Царството 2010
  • Обласниот конгрес разгласува подбудувачки повик! — радосно фалете го Јехова од ден на ден!
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 12/95 стр. 1

Фалете го Јехова секојдневно

1 Нашиот Бог Јехова е прекрасен, љубезен Творец, Изворот на сиот живот и среќа. Со оглед на неговата величина, тој е навистина заслужен за фалба од сето негово творештво. Секој од нас лично, сака да го изрази она што го рекол псалмистот: „Ќе Те восхвалувам сѐ повеќе. Устата моја ќе ја разгласува Твојата правда, и секој ден спасението од Тебе“ (Псал. 70:14, 15). За да го правиме ова, мора да бараме начини да го фалиме Јехова од ден на ден и да бидеме мотивирани да зборуваме добро за него, за неговата праведност и за неговите подготовки за спасение.

2 Раните христијани дале добар пример во фалењето на Јехова. Во врска со 3.000-те крстени на Пентакост, во Дела 2:46, 47 читаме: „И секој ден еднодушно престојуваа во храмот . . . Фалејќи Го Бога беа омилени кај сите луѓе. А Господ секој ден ја умножуваше Црквата со оние што сакаа да се спасат“. Тие учеле прекрасни вистини за Јехова и за неговиот Месија. Нивната радост била заразна, охрабрувајќи ги и другите да слушаат, да учат и да го фалат Јехова.

3 Секојдневно има прилики за тоа: Денес многумина согледуваат дека можат да го фалат Јехова секојдневно преку неформално сведочење. Претходното планирање им помага да бидат попродуктивни. Една сестра која решила да учествува во неформалното сведочење открила дека некој ѝ скршил два прозорци и провалил во нејзиниот автомобил. Таа се јавила во сервисот за поправки, а потоа се подготвила да му сведочи на мајсторот. Нејзината подготовка вклучувала молитва за Јеховино водство. Како што испаднало, таа му сведочела на мајсторот еден час и му ја оставила книгата Живеј засекогаш.

4 Една друга сестра редовно среќавала некоја сосетка додека ги шетале своите кучиња. При една средба, тие започнале сериозен разговор околу животните проблеми, коешто довело до повеќе дискусии. Со текот на времето, била започната библиска студија. Занимливо, сосетката подоцна признала дека не би ги слушала Јеховините сведоци кога тие би дошле на нејзината врата, бидејќи таа не верувала во Бог ниту во Библијата.

5 Некои сметаат дека е можно да се даде сведоштво кога на нивната врата ќе дојде трговски патник или некој друг. На една сестра од Ирска ѝ дошол на врата некој човек кој продавал полиси за осигурување на лица. Таа објаснила дека се надева да живее вечно. Тоа било една сосема нова мисла за овој човек, кој бил воспитан како римокатолик. Ја прифатил книгата Живеј засекогаш, присуствувал на состанок следната недела и се согласил да има библиска студија. Сега, овој трговски патник е крстен брат.

6 Сите ние треба да бидеме будни за можностите да го фалиме Јехова секој ден. Од помош е ако имаме неколку списанија или трактати на некое видливо место со цел да ни бидат при рака за понуда на посетителите. Во некои подрачја, кратко време поминато на клупа во паркот може да ти даде шанса да им сведочиш на другите кои запираат за да се одморат на неколку минути. На училиште некои млади Сведоци оставаат библиска литература на својата клупа, со цел да поттикнат разговор со некој кој ќе ја забележи и ќе постави прашања. Имај на ум еден или два библиски стиха кои ќе можеш да ги употребиш. Моли го Јехова да ти помогне. Ќе бидеш благословен ако го правиш тоа (1. Јов. 5:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели