Дали си полновремен Сведок?
1 Дали на ова прашање би одговорил со „Да“? Иако сите Јеховини предадени слуги не можат да се пријават во полновремена служба, зарем не е разумно да очекуваме дека сите ние треба да гледаме на себеси како на негови полновремени Сведоци? Секако дека треба.
2 Не постои нешто како христијанин со „скратено работно време“. За својот Татко Исус рекол: „Секогаш го вршам она што Му е угодно“ (Јован 8:29). Павле, кој го чувствувал истото, нѐ поттикнал ‚сето тоа да го правиме за слава Божја‘ (1. Кор. 10:31). Тогаш, нема збор за тоа дека сите ние треба да се сметаме себеси како полновремени Сведоци на Јехова. Таквото наше размислување ќе влијае врз нас на добро во секоја активност по која се стремиме.
3 Разгледај го доказот: Нашиот изглед, говор и однесување можат да им покажат на другите луѓе дека ние навистина сме Јеховини сведоци. Ние сме свесни за потребата од скромен изглед, здрав говор и исправно однесување секогаш кога учествуваме во службата на теренот или, пак, присуствуваме на христијанските состаноци. Меѓутоа, без разлика дали одиме на училиште, работиме на световна работа или учествуваме во рекреација, сѐ што е во врска со нас треба да дава доказ дека живееме според Јеховините праведни мерила.
4 Исус рекол: „Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина . . . Треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни“ (Мат. 5:14—16). Тоа треба да биде случај во сѐ што правиме и во секое време. Доколку некогаш увидиме дека сме колебливи да дадеме сведоштво заради тоа каде сме или што правиме, треба да се запрашаме: ‚Дали јас му служам на Јехова со „скратено работно време“ или полновремено?‘ Никогаш да не пропуштиме прилика да им зборуваме на другите за добрата вест во врска со Божјето Царство.
5 Запомни, ние му искажуваме чест и му угодуваме на Јехова кога на прашањето: „Дали си полновремен Сведок?“ можеме да одговориме со едно одекнувачко „Да!“