Состаноци за служба за март
Седмица што почнува од 1 март
8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
17 мин: „Комеморација на Христовата смрт ширум светот“. Прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 февруари 1997, страници 11, 12, пасуси 10—14. Нагласи како Јеховината голема љубов го навела да ја обезбеди откупнината за нас.
20 мин: Убедливи причини за да бидеме помошни пионери во април и мај. Говор и дискусија со присутните што ги води надгледникот за служба, поттикнувајќи ги сите сериозно да размислат за помошната пионерска служба. Разгледај ги измените во барањето на часови за општите и за помошните пионери, како што е изнесено во Наша служба за Царството од јануари 1999, страница 7. Оваа измена би требало да им овозможи на уште повеќе лица да се радуваат на предноста на полновремената служба. Објасни како нашето ценење за Христовата жртва нѐ тера да се напрегаме во проповедањето на другите (2. Кор. 5:14, 15). Оваа година Меморијалот се паѓа на првиот ден од април. Колку само добар поттик за сите објавители на Царството да го посветат целиот месец на зголемена активност во службата! Разгледај избрани врвни точки од додатоците од Наша служба за Царството од февруари 1997 и март 1998, во кои се зборува за помошната пионерска служба. Разгледај некои начини како да се прилагодат предложените распореди кои беа дадени. Разгледај ги локалните подготовки за служба кои нудат изобилни можности да се учествува во службата со другите. Охрабри ги објавителите да набават молби за помошна пионерска служба после состанокот.
Песна 135 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 8 март
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
20 мин: „Покани ги да дојдат“. Прашања и одговори. Истакни ја потребата секогаш да се насочуваат новозаинтересираните на собраниските состаноци. Прикажи една дискусија со заинтересирано лице, користејќи го материјалот во книгата Спознание, страница 159, пасус 20 и страници 161—163, пасуси 5—8. Охрабри ги сите да вложуваат посебен напор да им помогнат на библиските студенти и на другите заинтересирани да присуствуваат на Меморијалот на 1 април. Покажи примерок од отпечатената покана и објасни како може делотворно да се користи. Сите треба оваа седмица да почнат да ги дистрибуираат поканите за Меморијалот.
15 мин: „Како членовите на семејството соработуваат за целосно учество — на собраниските состаноци“. Дискусија на едно семејство. Додека коментираат за главните мисли од статијата, тие дискутираат како можат да се подготвуваат за состаноците како семејство. Дискутираат за начините како да си помогнат за да учествуваат и што мора да се направи за семејството да пристигнува навреме на состаноците.
Песна 62 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 март
10 мин: Локални известувања. Разгледај „Дали ќе присуствуваш?“
15 мин: „Слугите помошници извршуваат скапоцена служба“. Говор на еден способен слуга помошник. Разгледај ги главните мисли обработени во книгата Наша служба, страници 57—59. Објасни на кој начин слугите помошници делуваат локално за да им се помогне на собранијата.
20 мин: Уживај во Годишникот за 1999. Дискусија помеѓу сопруг и сопруга. Сопругот објаснува дека Годишникот првпат бил објавен во облик на книга во 1927 и дека повеќе од 70 години го вклучува светскиот извештај на Јеховините сведоци. Тие разгледуваат врвни точки од „Вкупни збирови за 1998“ на страница 31. Потоа дискутираат за „Писмо од водечкото тело“ на страници 3—5 и коментираат како ќе реагираат на охрабрувањето што е дадено.
Песна 174 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 март
10 мин: Локални известувања. Објави ги имињата на оние кои ќе бидат помошни пионери во април. Објасни дека не е предоцна да се даде молба. Изнеси го целиот распоред за состаноците за служба планирани за април. Охрабри ги сите да го следат читањето на Библијата за Меморијалот што е планирано за 27 март до 1 април, изнесено во Секојдневно разгледување на Писмото за 1999 и во Календарот за 1999.
15 мин: Подготви се за Меморијалот. Говор. Сите треба да направат планови за да им помогнат на библиските студенти и на другите заинтересирани да присуствуваат на Меморијалот. Новите кои ќе присуствуваат можеби нема да разберат кој смее да зема од симболите или, пак, кое е значењето на оваа прослава. Разгледај што е наведено во Стражарска кула од 1 април 1996, страници 6—8, и покажи како можеме да им помогнеме на новозаинтересираните да го сфатат значењето и целта на оваа прослава. Заклучи со разгледување на „Потсетници за Меморијалот“ и изнеси ги локалните подготовки за Меморијалот.
20 мин: Што ни се случува кога ќе умреме? Старешина дискутира со двајца или тројца способни објавители за вредноста и за користењето на брошурата. Подобро се запознавме со оваа брошура кога ја проучувавме на Собраниската студија на книга. Дали делотворно ја користиме во службата на теренот? Групата дискутира за следново: Зошто многу луѓе се заинтересирани за оваа тема? Спротивно на лажните религиозни науки, каква надеж истакнува оваа брошура? Како можеме да ги искористиме прашањата на задната страница за да поттикнеме интерес? Какви можности постојат за да се нуди оваа брошура? Прикажи една презентација користејќи ги стиховите во 14. пасус на 27. страница. Охрабри ги сите да бидат будни добро да ја користат оваа брошура.
Песна 92 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 март
12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат својот извештај за служба за март. Во текот на април ќе нудиме Стражарска кула и Разбудете се! Покажи ги тековните изданија на списанијата, предложи кои статии можат да се истакнат и спомни некои конкретни мисли за разговор. Сите треба да ја носат брошурата Бара и да ја користат за да започнат библиски студии со заинтересираните.
15 мин: Локални потреби.
18 мин: Како треба да реагираме на советот? Говор на старешина. Сите сме подложни на совет во врска со нашиот став, однесување, друштво или учество во собраниските активности. Понекогаш сме склони да се противиме на советот или, пак, да се навредиме. Спремноста да го прифатиме и да го примениме советот може да биде клучна за нашата духовна благосостојба. Разгледај ги неопходните фактори кои ги нагласуваат причините зошто треба да го прифатиме и да го цениме советот. (Види Стражарска кула од 1 април 1987, страници 27—30 [англ.].)
Песна 143 и заклучна молитва.