Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 3 мај до 23 август 1999. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Родителите не мора да ги компромитираат библиските начела за да постапуваат разумно со своите деца [fy стр. 108, пас. 14].
2. Темата на целата Библија е оправдувањето на Јехова преку Царството со кое владее ветеното „семе“ (1. Мој. 3:15, NW) [si стр. 17, пас. 30].
3. Има многу малку археолошки и дури надворешни докази кои сведочат за точноста на настаните запишани во 2. Мојсеева [si стр. 20, пас. 4].
4. Оние кои живеат во крајна сиромаштија не се во положба да придонесат финансиски за унапредување на интересите на Царството [w 15.9.97 стр. 5, пас. 7].
5. Да им даваме должен надоместок на нашите родители и на бабите и дедовците е дел од нашето обожавање на Јехова (1. Тим. 5:4) [w 1.9.97 стр. 4, пас. 1, 2].
6. Држењето на Сабатот првобитно било знак помеѓу Јехова и сите нации. [Седмично читање на Библијата; види rs стр. 339, пас. 3.]
7. Кога детето ќе стане доволно големо за да почне самото да донесува одлуки, тоа сноси и поголема одговорност за своите постапки, особено во врска со божествениот закон (Рим. 14:12) [fy стр. 134, пас. 17].
8. Мојсеј ја напишал книгата 3. Мојсеева во 1513 година пр. н. е. [si стр. 25, пас. 3, 4].
9. Исусовите зборови запишани во Лука 21:20, 21 биле исполнети во 66 н. е. кога римските војски под команда на генерал Тит се повлекле од Ерусалим [w 1.4.97 стр. 5, пас. 3, 4].
10. Учењето на Епикур било опасно за христијаните затоа што се темелело на неговото безверно гледиште, кое е опишано во 1. Коринтјаните 15:32 [w 1.11.97 стр. 24, пас. 4].
Одговори на следниве прашања:
11. Што учиме од забраната да не се јаде лој, дадена во 3. Мојсеева 3:17? [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.84 стр. 16, пас. 9.]
12. Зошто Јехова му допуштил на Сатана Ѓаволот да постои? (2. Мој. 9:15). [Седмично читање на Библијата; види w 15.3.92 стр. 10, пас. 14.]
13. Кога некој член на семејството се соочува со некоја сериозна болест, кои почетни чекори треба да ги преземе семејството за да постави приоритети? (Изр. 15:22) [fy стр. 122, пас. 14].
14. Во која смисла нацијата Израел била „царство на свештеници“? (2. Мој. 19:6). [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.95 стр. 16, пас. 8.]
15. Која е разликата помеѓу око кое е „едноставно“ и око кое е „лошо“? (Мат. 6:22, 23) [w 1.10.97 стр. 26, пас. 5].
16. Како можело за Давид да се рече дека одел „со интегритет на срцето и со исправност“ кога правел грешки? (1. Цар. 9:4, NW) [w 1.5.97 стр. 5, пас. 2].
17. Кои денешни предности се навестени со тоа што Израелците направиле „токму така“ во поглед на шаторот? (2. Мој. 39:32). [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.95 стр. 13, пас. 9.]
18. Што е покажано со фактот дека Јехова се открил себеси како „Јас сум она што ќе докажам дека сум“? (2. Мој. 3:14, NW). [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.95 стр. 10, пас. 6.]
19. Каква поука добиваме од случката со Надав и Авиуд запишана во 3. Мојсеева 10:1, 2? [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.84 стр. 16, пас. 10.]
20. Според Мозаитскиот закон, зошто породувањето ја правело жената „нечиста“? (3. Мој. 12:2, 5). [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.84 стр. 17, пас. 2.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Иако не постои чудотворен лек за осаменоста, самохраниот родител може да ја поднесе со сила од ․․․․․․․․, која се добива со истрајни ․․․․․․․․ (1. Тим. 5:5, NW) [fy стр. 112, пас. 21].
22. Трагедијата во нечиј живот може да биде резултат на ․․․․․․․․ или на нашата сопствена ․․․․․․․․ [w 15.5.97 стр. 22, пас. 7].
23. Книгата 2. Мојсеева го открива Јехова како голем ․․․․․․․․, ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ на неговите величествени намери [si стр. 23, пас. 26].
24. Примарно е она што сме ние ․․․․․․․․, не во ․․․․․․․․, тоа открива какви сме навистина однатре [w 15.10.97 стр. 29, пас. 4].
25. Ако жетвените празници имаат ․․․․․․․․ или ․․․․․․․․ призвуци, вистинските христијани можат да избегнат да предизвикаат незадоволство кај Јехова со тоа што ќе одбијат какво и да е ․․․․․․․․ во такво загадено обожавање [w 15.9.97 стр. 9, пас. 6].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. ‚Четиристотините години‘ мачење на Авраамовото семе започнале кога Исмаил му се исмејувал на Исак во (1943; 1919; 1913) пр. н. е. и завршиле со ослободувањето од Египет во (1543; 1519; 1513) пр. н. е. (1. Мој. 15:13) [si стр. 17, пас. 31].
27. Дали едно семејство успешно ќе се соочи со некоја сериозна болест или не, во голема мера зависи од (финансиската сигурност; ставот; полисата за осигурување) на неговите членови (Изрек. 17:22) [fy стр. 120, пас. 10].
28. Оној кој вели во своето срце „нема Бог“ е наречен ‚безумен‘ затоа што таквиот е (со морален недостаток; необразован; без способност да расудува) (Псал. 13:1) [w 1.10.97 стр. 6, пас. 8].
29. Кога Адам и Ева се побуниле, најважното нешто што го изгубиле било (совршеноста; односот со Бог; домот-градина), што било клуч за нивната среќа [w 15.10.97 стр. 6, пас. 2].
30. Книгата (1. Мојсеева; 2. Мојсеева; 3. Мојсеева) го спомнува барањето за светост почесто од која и да е друга библиска книга [si стр. 26, пас. 9].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
2. Мој. 5:2; 2. Мој. 21:29; Изр. 1:8; Гал. 5:20; Јак. 1:14, 15
31. Секој оној што тврди дека е христијанин, но секогаш одново и непокајнички подлегнува на насилнички изливи на гнев, вклучувајќи и физичко малтретирање на членовите на семејството, може да биде исклучен [fy стр. 150, пас. 23].
32. Начинот на кој постапуваме започнува со тоа како размислуваме [fy стр. 148, пас. 18].
33. Јехова Бог ги понижува сите оние кои пркосно одбиваат да го признаат неговото божество. [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.92 стр. 13, пас. 18.]
34. Иако Библијата му ја доделува на таткото првенствената одговорност да ги поучува децата, и мајката исто така игра важна улога [fy стр. 133, пас. 12].
35. Законот не ја земал во обѕир немарноста како услов за милост кога некој ќе бил убиен. [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.95 стр. 11, пас. 5.]