ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fy погл. 9 стр. 103-115
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
  • Тајната на семејната среќа
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • СОВЛАДУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА РУТИНА
  • ПРЕДИЗВИКОТ ДА СЕ ЗАРАБОТУВА ЗА ЖИВОТ
  • КОЈ ЗА КОГО СЕ ГРИЖИ?
  • ДА СЕ ЗАДРЖИ СТЕГА
  • ДА СЕ ДОБИЕ БОРБАТА ПРОТИВ ОСАМЕНОСТА
  • КАКО МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ДРУГИТЕ
  • Покажи обѕир кон самохраните родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Самохран, но не и сам родител
    Разбудете се! 2003
  • Работи напорно за спасението на твоето домаќинство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Тајната на семејната среќа
fy погл. 9 стр. 103-115

Деветто поглавје

Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!

1-3. Што придонело за да се зголеми бројот на семејствата со еден родител, и како влијае тоа врз оние што се засегнати?

ВО СОЕДИНЕТИТЕ Држави, семејствата со еден родител се наречени „семеен стил што се шири со најголема брзина“. Ситуацијата е слична и во многу други земји. Рекордниот број разводи, напуштања, одвојувања и вонбрачни породувања, има далекосежни последици за милиони родители и деца.

2 „Јас сум 28-годишна вдовица со две деца“, напишала една самохрана мајка. „Многу сум потиштена бидејќи не сакам да ги подигам своите деца без нивниот татко. Ми се чини како воопшто никој да не се грижи за мене. Децата гледаат дека често плачам, а тоа влијае врз нив.“ Освен тоа што се борат со чувства како што се гневот, вината и осаменоста, повеќето самохрани родители се соочуваат и со предизвикот да имаат вработување надвор од домот, а да ги извршуваат и домашните обврски. Еден таков родител рекол: „Да бидеш самохран родител е исто како да бидеш жонглер. После шест месеци вежбање, конечно можеш да жонглираш со четири топки истовремено. Но, токму тогаш кога ќе бидеш способен да го правиш тоа, некој ти дофрла нова топка!“

3 Децата во семејствата со еден родител честопати си имаат свои тешкотии. Можеби треба да се борат со силни емоции поради ненадејното заминување на едниот родител или поради неговата смрт. Изгледа дека отсуството на родителот има длабоко негативно влијание врз многу млади.

4. Откаде знаеме дека Јехова е загрижен за семејствата со еден родител?

4 Семејства со еден родител имало и во библиските времиња. Библијата често спомнува „сираци“ и „вдовици“ (2. Мојсеева 22:22; 5. Мојсеева 24:19—21; Јов 31:16—22). Јехова Бог не бил рамнодушен кон нивната тешка положба. Псалмистот го нарекол Бог „татко на сираците и судија на вдовиците“ (Псалм 67:5). Сигурно дека Јехова е исто толку загрижен и за денешните семејства со еден родител! Всушност, неговата Реч дава начела кои можат да им помогнат да бидат успешни.

СОВЛАДУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА РУТИНА

5. Со кој проблем треба на почетокот да се соочат самохраните родители?

5 Размисли за задачата да се управува со домот. „Има многу прилики кога посакуваш да има маж во куќата“, признава една разведена жена, „како на пример тогаш кога твојот автомобил почнува чудно да бучи, а ти не знаеш од каде доаѓа тоа.“ Исто така, и мажите кои се од неодамна разведени или овдовени, може да бидат збунети од многубројните домашни работи кои сега мораат да ги извршуваат. Кај децата, нередот во домот ги засилува чувствата на нестабилност и несигурност.

6, 7. а) Каков добар пример дала ‚добродетелната жена‘ од Изреки? б) Како може трудољубивоста во домашните одговорности да биде од помош во домовите со еден родител?

6 Што може да биде од помош? Забележи го примерот што го дала ‚добродетелната жена‘ што е опишана во Изреки 31:10—31. Обемот на она што го извршувала таа е значителен — купувала, продавала, шиела, готвела, вложувала во недвижен имот, управувала фарма и водела бизнис. Нејзината тајна? Таа била трудољубива, работела до доцна и станувала рано за да ги започне своите активности. Освен тоа, таа била добро организирана, доделувала задачи и ги употребувала своите сопствени раце за да се грижи за другите. Не е чудно што заслужила пофалба!

7 Ако си самохран родител, биди совесен во своите домашни одговорности. Наоѓај задоволство во таквата работа, бидејќи тоа многу придонесува за среќата на твоите деца. Меѓутоа, неопходно е исправно планирање и организирање. Библијата вели: „Плановите на марливите сигурно придонесуваат за напредок“ (Изреки 21:5, НС). Еден татко кој сам ги подига децата, признал: „Склон сум да не мислам на јадење сѐ додека не огладнам“. Но, планираните оброци сигурно се похранливи и попривлечни отколку оние што се подготвени набрзина. Исто така, можеби ќе треба да научиш да ги користиш своите раце на некои нови начини. Консултирајќи доброинформирани пријатели, книги за самопомош и стручни лица кои се спремни да помогнат, некои самохрани мајки биле во можност да се зафатат со варосување, поправање на водоводот и со едноставни поправки на автомобилот.

8. На кој начин децата на самохраните родители можат да помагаат дома?

8 Дали е на место да се бара помош од децата? Една самохрана мајка расудувала: „Сакаш да го надоместиш отсуството на другиот родител така што ќе им олеснуваш на децата“. Тоа може да биде разбирливо, но не е секогаш и во најдобар интерес за детето. На богобојазливите млади од библиските времиња им биле доделувани соодветни секојдневни работи (1. Мојсеева 37:2; Песна над песните 1:5). Затоа, иако ќе внимаваш да не ги преоптоваруваш своите деца, ти ќе покажеш мудрост ако им доделуваш задачи, како на пример да се погрижат за садовите и да ја одржуваат својата соба чиста. Зошто да не извршувате заедно некои секојдневни работи? Тоа може да претставува вистинско уживање.

ПРЕДИЗВИКОТ ДА СЕ ЗАРАБОТУВА ЗА ЖИВОТ

9. Зошто самохраните мајки честопати се соочуваат со финансиски тешкотии?

9 Повеќето самохрани родители утврдуваат дека е тешко да се задоволат финансиските потреби, а обично на младите невенчани мајки им е особено тешко.a Во оние земји каде што може да се добие социјална помош можеби ќе биде мудро да ја користат, барем сѐ дотогаш додека не најдат работа. Библијата им допушта на христијаните да ги користат таквите подготовки тогаш кога тоа е потребно (Римјаните 13:1, 6). Вдовиците и оние кои се разведени, се соочуваат со слични предизвици. Многу од нив, принудени повторно да се вработат после многу години работа низ дома, честопати можат да најдат само работа која е слабо платена. Некои успеваат да ја подобрат својата ситуација и се запишуваат на програми за обучување за работа или на кратки училишни курсеви.

10. Како може една самохрана мајка да им објасни на своите деца зошто мора да најде световно вработување?

10 Немој да се изненадиш доколку твоите деца се несреќни кога бараш вработување и немој да се чувствуваш виновна. Наместо тоа, објасни им зошто мораш да работиш и помогни им да разберат дека Јехова бара од тебе да се грижиш за нив (1. Тимотеј 5:8). Со текот на времето, повеќето деца се привикнуваат. Сепак, обиди се да поминуваш со нив онолку време колку што ти дозволува твојот зафатен временски распоред. Таквото внимание кое е полно со љубов може да помогне да се намалат и последиците од секакви финансиски ограничувања што семејството можеби ќе ги доживее (Изреки 15:16, 17).

КОЈ ЗА КОГО СЕ ГРИЖИ?

11, 12. Кои граници мораат да ги задржат самохраните родители, и како можат да го постигнат тоа?

11 Природно е самохраните родители да бидат особено блиски со своите деца, но сепак, мора да се внимава да не се срушат границите што Бог ги поставил меѓу родителите и децата. На пример, можат да се појават сериозни тешкотии ако една самохрана мајка очекува син ѝ да преземе одговорности на маж во куќата или ако се однесува кон својата ќерка како кон доверливо лице, оптоварувајќи го девојчето со лични проблеми. Таквото постапување е неумесно, предизвикува стрес, а можеби и го збунува детето.

12 Увери ги своите деца дека ти, како родител, ќе се грижиш за нив — а не обратно. (Спореди 2. Коринтјаните 12:14.) Одвреме навреме можеби ќе ти треба некаков совет или поддршка. Тоа барај го од христијанските старешини или можеби од зрелите христијанки, а не од твоите малолетни деца (Тит 2:3).

ДА СЕ ЗАДРЖИ СТЕГА

13. Со каков проблем во поглед на стегата може да се соочи една самохрана мајка?

13 Можеби еден маж нема многу тешкотии да биде сериозно сфатен како воспитувач, но една жена може да има проблеми во тој поглед. Една самохрана мајка вели: „Моите синови имаат тела и гласови како мажи. Понекогаш ми е тешко да не звучам неодлучно или немоќно во споредба со нив“. Освен тоа, можеби сѐ уште жалиш поради смртта на саканиот брачен другар или, пак, чувствуваш вина или гнев поради прекинот на бракот. Ако имате заедничко старателство, можеби се плашиш дека детето повеќе сака да биде со твојот поранешен брачен другар. Поради таквите ситуации може да биде тешко да се примени една урамнотежена стега.

14. Како можат самохраните родители да задржат урамнотежено гледиште за стегата?

14 Библијата вели дека „момче, оставено без грижа, ги посрамува своите родители“ (Изреки 29:15). Ти имаш поддршка од Јехова Бог за да донесуваш и спроведуваш правила во семејството и затоа не потпаѓај на чувство на вина, грижа на совеста или страв (Изреки 1:8). Никогаш не ги компромитирај библиските начела (Изреки 13:25). Труди се да бидеш разумен, доследен и одлучен. Со текот на времето, повеќето деца ќе реагираат. Па сепак, ти ќе сакаш да ги земеш предвид чувствата на своите деца. Еден татко кој сам ги подига децата, вели: „Стегата што ја давам треба да биде ублажена со разбирање за шокот поради загубата на нивната мајка. Разговарам со нив во секоја прилика. Имаме ‚топли моменти‘, тогаш кога подготвуваме вечера. Во таквите прилики тие навистина ми се доверуваат“.

15. Што треба да избегнува еден разведен родител кога зборува за поранешниот брачен другар?

15 Ако си разведен, нема да постигнеш ништо добро со тоа што ќе го поткопуваш почитувањето кон твојот поранешен брачен другар. Караниците меѓу родителите се болни за децата и на крајот ќе го ослабат почитувањето кон вас двајцата. Затоа, избегнувај да даваш навредливи забелешки како: „Ист си како татко ти!“ Каква и да е болката што ти ја нанел поранешниот брачен другар, тој или таа сѐ уште е родител на твоето дете, на кое му се потребни љубовта, вниманието и стегата од обата родитела.b

16. Кои духовни подготовки треба да бидат редовен дел од стегата во домот со еден родител?

16 Како што беше дискутирано во претходните поглавја, стегата вклучува воспитување и поучување, а не само казнување. Многу проблеми можат да се избегнат со една добра програма на духовно поучување (Филипјаните 3:16). Редовното присуствување на христијанските состаноци е неопходно (Евреите 10:24, 25). Така е и со седмичната семејна библиска студија. Точно е дека не е лесно редовно да се одржува една таква студија. „Откако си работел цел ден, навистина сакаш да се одмориш“, вели една совесна мајка. „Но, јас умствено се подготвувам за да проучувам со мојата ќерка, знаејќи дека тоа е нешто што треба да се направи. Таа навистина ужива во нашата семејна студија!“

17. Што можеме да научиме од доброто воспитување на Тимотеј, придружникот на Павле?

17 Тимотеј, придружникот на апостол Павле, очигледно бил воспитуван за библиските начела од страна на својата мајка и својата баба — но по сѐ изгледа не и од страна на својот татко. Сепак, каков само извонреден христијанин станал Тимотеј! (Дела 16:1, 2; 2. Тимотеј 1:5; 3:14, 15). И ти ќе можеш да се надеваш на добри резултати ако се трудиш да ги подигаш своите деца „во стега и Јеховино мисловно насочување“ (Ефесјаните 6:4, НС).

ДА СЕ ДОБИЕ БОРБАТА ПРОТИВ ОСАМЕНОСТА

18, 19. а) На кој начин осаменоста може да дојде до израз кај еден самохран родител? б) Кој совет е даден како помош во контролирањето на телесните желби?

18 Еден самохран родител воздивнал: „Кога ќе си дојдам дома и кога ќе ги видам оние четири ѕида, а особено откако децата се в кревет, навистина ме обзема осаменост“. Да, осаменоста честопати е најголемиот проблем со кој се соочува еден самохран родител. Природно е да се копнее по срдечното другарување и интимностите на бракот. Но, дали една личност треба да се обидува да го реши овој проблем по секоја цена? Во деновите на апостол Павле, некои помлади вдовици дозволиле „нивните сексуални нагони [да] дојдат помеѓу нив и Христос“ (1. Тимотеј 5:11, 12, НС). Би било погубно да се допушти телесните желби да ги засенат духовните интереси (1. Тимотеј 5:6, НС).

19 Еден христијанин рекол: „Сексуалните нагони се многу силни, но сепак може да се контролираат. Кога во умот ќе ти се појави една мисла, не смееш да ја задржуваш. Мораш да се ослободиш од неа. Исто така, од помош е кога размислуваш за своето дете“. Божјата Реч советува: ‚Умртвете ги своите земни членови, односно сласта [сексуалниот апетит, НС]‘ (Колосјаните 3:5). Кога би се обидувал да го умртвиш својот апетит за храна, дали би читал списанија кои прикажуваат слики на вкусни јадења и дали би се дружел со луѓе кои постојано зборуваат за храна? Секако дека не! Истото важи и во врска со телесните желби.

20. а) Каква опасност ги демне оние кои се состануваат со неверници? б) Како во првиот век така и денес, на кој начин луѓето кои се сами се бореле со осаменоста?

20 Некои христијани почнале да се состануваат со неверници (1. Коринтјаните 7:39). Дали тоа го решило нивниот проблем? Не. Една разведена христијанка предупредила: „Има само една работа која е многу полоша отколку да се биде сам. Тоа е да се биде во брак со погрешна личност!“ Без сомнение, христијанските вдовици од првиот век имале напади на осаменост, но оние кои биле мудри се зафатиле со ‚гостољубивост, им ги миеле нозете на светиите и им помагале на постраданите‘ (1. Тимотеј 5:10). Денешните верни христијани кои чекале многу години за да најдат богобојазлив брачен другар, биле зафатени на сличен начин. Секогаш кога ќе се почувствувала осамена, една 68-годишна христијанка која е вдовица почнувала да ги посетува другите вдовици. Таа рекла: „Откривам дека ако правам такви посети, ако ги одржувам работите низ куќата и ако водам грижа за својата духовност, немам време за да бидам осамена“. Да се поучуваат другите за Божјето Царство е една особено корисна и добра работа (Матеј 28:19, 20).

21. На кој начин молитвата и доброто друштво можат да помогнат да се совлада осаменоста?

21 Како што е познато, не постои чудотворен лек за осаменоста. Но, таа може да се поднесе со сила од Јехова. Таквата сила доаѓа тогаш кога христијанинот „истрајува во преколнувања и во молитви ноќе и дење“ (1. Тимотеј 5:5, НС). Преколнувањата се срдечни молби, да, барање помош, можеби со силни извици и солзи. (Спореди Евреите 5:7.) Тоа што ќе му го излеваш своето срце на Јехова „ноќе и дење“, навистина може да ти помогне. Освен тоа, здравото друштво може да направи многу за да се исполни празнината поради осаменоста. Преку доброто друштво, една личност може да го добие „добриот збор“ на охрабрување, кој е опишан во Изреки 12:25.

22. Кои размислувања ќе помогнат тогаш кога одвреме навреме ќе се појават чувства на осаменост?

22 Ако одвреме навреме се појават чувства на осаменост — како што веројатно ќе се случи — имај на ум дека никој нема совршени околности во животот. Всушност, ‚нашите браќа по светот‘ страдаат на овој или на оној начин (1. Петрово 5:9). Избегнувај да живееш во минатото (Проповедник 7:10). Внимателно разгледај ги предностите што ги уживаш. Над сѐ, биди одлучен да го заржиш својот интегритет и да го радуваш Јеховиното срце (Изреки 27:11).

КАКО МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ДРУГИТЕ

23. Каква одговорност кон самохраните родители во собранието имаат сохристијаните?

23 Поддршката и помошта од сохристијаните е од непроценлива вредност. Јаков 1:27 вели: „Чиста и непорочна вера пред Бога и Отецот е оваа: да пригледуваш сираци и вдовици во нивните маки“. Да, христијаните имаат обврска да им помагаат на семејствата со еден родител. Кои се некои практични начини на кои може да се прави тоа?

24. На кои начини може да им се помогне на семејствата со еден родител кои со во оскудица?

24 Може да се даде материјална помош. Библијата вели: „Кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него — како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов?“ (1. Јованово 3:17). Оригиналниот грчки збор за „види“ не значи само случаен поглед, туку намерно гледање. Ова покажува дека еден љубезен христијанин би можел најнапред добро да се запознае со околностите и потребите. Можеби на едно семејство им се потребни пари. На некои можеби им треба помош во домашните поправки. Или, пак, тие можеби ќе ценат едноставно ако бидат повикани на оброк или на некој друштвен собир.

25. Како можат сохристијаните да покажат сочувство кон самохраните родители?

25 Освен тоа, 1. Петрово 3:8 вели: „Бидете сите еднодушни, жалостиви, братољубиви, милосрдни“. Една самохрана родителка со шест деца рекла: „Тоа е напорно и понекогаш сум преоптоварена. Меѓутоа, одвреме навреме некој од браќата или сестрите ќе ми рече: ‚Џоан, ти правиш добра работа. Тоа сигурно ќе се исплати‘. Самото тоа што знаеш дека другите мислат на тебе и дека се грижат, многу помага“. Постарите христијанки можат да бидат особено делотворни во помагањето на младите жени кои се самохрани родители, нудејќи им уво што слуша кога имаат проблеми за кои можеби им е непријатно да дискутираат со некој маж.

26. Како можат зрелите христијански мажи да им помагаат на децата без татко?

26 Христијанските мажи можат да помогнат на други начини. Праведниот човек Јов рекол: „Јас го спасував . . . беспомошниот сирак [момчето без татко, НС]“ (Јов 29:12). Слично на тоа, и некои христијански мажи денес покажуваат здрав интерес за децата без татко и покажуваат вистинска „љубов од чисто срце“, без да имаат некакви задни намери (1. Тимотеј 1:5). Без да ги запостават своите семејства, тие можат одвреме навреме да се договорат да работат со таквите млади во христијанската служба, а исто така можат да ги повикаат да учествуваат и во семејната студија или во рекреацијата. Таквата љубезност навистина може да го спаси детето без татко од еден своеволен начин на постапување.

27. За каква поддршка можат да бидат сигурни самохраните родители?

27 Се разбира, на крајот самохраните родители треба ‚да го понесат своето бреме‘ на одговорност (Галатјаните 6:5). Меѓутоа, тие можат да ја имаат љубовта од христијанските браќа и сестри, како и љубовта од самиот Јехова Бог. За него Библијата вели: „Ги поддржува сираците и вдовиците“ (Псалм 145:9). Со Неговата љубезна поддршка, семејствата со еден родител можат да бидат успешни!

[Фусноти]

a Ако една млада христијанка забремени поради неморално постапување, христијанското собрание никако не преминува преку она што го сторила. Но, ако таа се кае, собраниските старешини и другите во собранието можеби ќе сакаат да ѝ понудат помош.

b Не станува збор за оние ситуации во кои можеби ќе треба детето да биде заштитено од родителот кој е злоупотребувач. Исто така, ако другиот родител се обидува да го ослаби твојот авторитет, можеби со намера да ги наговори децата да те напуштат, може да биде добро да разговараш со некои искусни пријатели, како што се старешините во христијанското собрание, за да добиеш совет во врска со тоа како да постапиш во таа ситуација.

КАКО МОЖАТ ОВИЕ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА ДА ИМ ПОМОГНАТ . . . НА РОДИТЕЛИТЕ И НА ДЕЦАТА ДА ГИ СОВЛАДААТ ПРОБЛЕМИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА СО ЕДЕН РОДИТЕЛ?

Јехова Бог е „Татко на сираците и судија на вдовиците“ (Псалм 67:5).

Исправното планирање е неопходно за успехот (Изреки 21:5, НС).

Јехова го поддржува правото на родителите да даваат соодветна стега (Изреки 1:8).

Мудрите христијанки кои се вдовици, зафатени се со добри дела и истрајуваат во молитвата (1. Тимотеј 5:5, 10).

Покажувањето соодветен интерес за ‚сираците и вдовиците‘ е дел од вистинското обожавање (Јаков 1:27).

[Рамка на страница 112]

ШТО МОЖАТ ДА СТОРАТ МЛАДИТЕ

Дали твојата мајка или татко е самохран родител? Ако е така, што можеш да сториш за да помогнеш? Како прво, биди послушен. Ниту големината ниту полот не му даваат на детето за право ‚да го отфрли заветот на мајка си‘ (Изреки 1:8). Јехова ти заповеда да бидеш послушен, а на крајот таквото постапување ќе доведе до тоа да бидеш среќен (Изреки 23:22; Ефесјаните 6:1—3).

Преземи иницијатива и покажувај ценење. „Мајка ми работи во една болница и нејзината униформа треба да биде испеглана. Затоа јас ѝ ја пеглам“, вели Тони. „Така ѝ помагам на мама, па затоа и го правам тоа.“ Една самохрана мајка вели: „Честопати откривам дека тогаш кога сум навистина нерасположена или нервозна после некој особено напорен ден на работа и кога ќе си дојдам дома — токму тој ден ќерка ми одлучила да ја постави масата и да почне да подготвува вечера“.

Имај на ум дека е важна твојата соработка. Откако работел напорно цел ден, можеби на твојот родител му е тешко да ја води семејната библиска студија. Ако ти не соработуваш, работите ќе ги влошиш уште повеќе. Потруди се да бидеш подготвен кога ќе дојде планираното време. Однапред подготвувај ги лекциите. Ако бидеш послушен, ако покажуваш ценење и ако соработуваш, ти ќе му угодиш на својот родител, а што е уште поважно, ќе му угодиш на Бог.

[Слика на страница 107]

Минувај колку што е можно повеќе време со своите деца

[Слика на страница 109]

Деца, соработувајте со својот самохран родител

[Слика на страница 110]

Собранието не ги запоставува „вдовиците“ и „сираците“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели