Дали работиш со намера?
1 Јехова е Бог со намера (Иса. 55:10, 11). Ние сме поттикнати да го имитираме (Ефеш. 5:1). Ова мора да важи и за начинот на кој ја извршуваме нашата служба. Затоа, соодветно е прашањето: „Дали работиш со намера?“
2 Твоето проповедање од куќа до куќа, неформалното сведочење и давањето литература се дел од една служба со намера. Но запомни дека нашиот налог не вклучува само проповедање туку и правење ученици (Мат. 28:19, 20). Откако ќе го посееме семето на вистината за Царството, треба да се вратиме за да го наводниме и редовно да се грижиме за него додека се обраќаме кон Јехова да донесе раст (1. Кор. 3:6). Треба да бидеме совесни при правењето повторни посети и започнувањето библиски студии.
3 Прошири ја својата служба: Секогаш е пријатно чувството кога размислуваш за она што си го направил во службата и можеш да си речеш: „Го постигнав она што планирав да го направам“. Како што е запишано во 2. Тимотеј 4:5 (NW), Павле поттикнал: „Потполно изврши ја својата служба“. Тоа вклучува да ги зголемиш своите напори во следењето на секој интерес што си го пронашол. Во својот седмичен распоред за служба, испланирај определено време кога ќе правиш повторни посети. Работи на целта да се обидеш да започнеш библиски студии со оние кои се наклонети кон праведноста. Таква треба да биде твојата намера кога учествуваш во службата.
4 Прашај ги објавителите како се чувствувале кога ги виделе своите библиски студенти како се крштаваат на некој собир. Тие се радувале, веројатно исто толку колку оние што се крштавале. Тие исполниле една величествена цел! Еден од нив се изразил на овој начин: „Да се прават ученици значи да се прават повеќе фалители на Јехова. Тоа значи живот за оние кои ја прифаќаат вистината. Многу сакам да ги поучувам другите за вистината — тоа е прекрасно! . . Многумина од оние кои го засакале Јехова, ми станаа многу драги пријатели“.
5 Замисли си како би било кога би можел да помогнеш некому да стане предаден слуга на Јехова! Колкава само причина за радост! Такви резултати произлегуваат кога во службата работиме со намера (Кол. 4:17).