ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/99 стр. 8
  • Што ќе му речеш на некој хиндус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ќе му речеш на некој хиндус?
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Хиндуизам — потрага по ослободување
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Да им сведочиме на луѓето од сите јазици и религии
    Нашата служба за Царството 1998
  • Дали ги користиш овие брошури?
    Нашата служба за Царството 2012
  • Да им се помогне на оние што не се спремни да ја проучуваат книгата Што учи Библијата
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 9/99 стр. 8

Што ќе му речеш на некој хиндус?

1 Како што можеби знаеш, хиндусите живеат во многу земји, вклучувајќи ја и нашата. Тоа значи дека, порано или подоцна, додека си во служба можеби ќе сретнеш некој хиндус. Кога ќе се случи тоа, како да постапиш?

2 Запомни ги овие мисли: Мисионерите кои успешно им сведочеле на хиндуси велат дека не е потребно длабоко да се изучи хиндуизмот за да може да се даде делотворно сведоштво. Една едноставна, тактична презентација на вистината честопати води до позитивна реакција. Побарај најнапред да разговараш со главата на домаќинството. Ако тој реагира позитивно, ќе биде полесно да им сведочиш и на другите во семејството. Избегнувај уште од почетокот да укажуваш дека носиш порака која е далеку подобра од она што го верува станарот или дека сакаш да дискутираш за единствениот вистински Бог или, пак, за најстарите свети списи. Бидејќи многу хиндуси сметаат дека Библијата е книга на западот, можеш да ја срушиш таквата предрасуда со тоа што ќе објасниш дека Библијата не унапредува колонијализам или супериорност на една раса во однос на друга.

3 Користи ги исправните алатки: Посебно за хиндусите се подготвени две брошури. Зошто да го обожаваме Бог во љубов и во вистина? е отпечатена на гуџарати и пенџапски. Нашите проблеми — кој ќе ни помогне да ги решиме? е отпечатена уште на 11 индиски јазици. Брошурите „Гледај! Сѐ ново создавам“ и „Дали Бог навистина се грижи за нас?“ исто така се покажаа делотворни во сведочењето на оние кои имаат хиндуска позадина. Брошурата Бара и книгата Спознание можат успешно да се користат за да се водат библиски студии.

4 Постави заеднички темел: Не е тешко да се најде заеднички темел со некој хиндус. Тие веруваат дека живееме во време кога злобата е на највисок степен и дека Бог ќе го ослободи светот од проблемите преку една голема катастрофа после која ќе следи ера на вистината. Можеш да видиш колку лесно може овие верувања да се поврзат со библиските науки за последните денови, големата неволја и новиот свет што доаѓа. Бидејќи за повеќето хиндуси животот претставува една низа проблеми за кои не постојат решенија, тие се заинтересирани за теми за семејниот живот, криминалот и безбедноста, и за она што се случува после смртта. Еве две презентации кои би можел да ги пробаш.

5 Ова би можело да одговара за некој семеен човек:

◼ „Ги посетувам луѓето кои се заинтересирани за состојбата на семејниот живот во многу земји денес. Што мислите, што ќе помогне семејството да се одржи заедно? [Дозволи одговор.] Некои луѓе знаат што велат хиндуистичките списи за семејството, но никогаш немале прилика да го споредат тоа со она што го вели Библијата на таа тема. Би сакал да Ви ја пренесам мислата од Колосјаните 3:12—14.“ Откако ќе го прочиташ овој стих, покажи му го на станарот 15 поглавје од книгата Спознание и кажи: „Би ми било мило да поминеме малку време читајќи го ова поглавје заедно со Вас“.

6 Некој млад човек би можел да реагира на ова:

◼ „Несомнено верувате во Бог. Што мислите, која е Божјата намера за нас?“ Дозволи одговор. Потоа прочитај 1. Мојсеева 1:28 и речи: „На многу места земјата е пренаселена и измачувана од проблеми. Дали мислите дека Творецот ќе биде спремен да ни помогне да ги решиме нашите проблеми?“ Откако ќе го сослушаш одговорот, осврни се на некоја соодветна публикација.

7 Радувај се на позитивните резултати: Еден 22-годишен хиндус ѝ пристапил на една сестра која сведочела на еден пазар и замолил за библиска студија. Ѝ објаснил дека пред осум години слушнал една библиска дискусија помеѓу мајка му и неа. Иако бил импресиониран од практичните библиски одговори за човековите проблеми, мајка му не била заинтересирана а тој мислел дека е премлад за самиот да ја следи вистината. Сега, како возрасен, сакал да дознае повеќе. Младиот човек не губел време. Само за 23 дена завршил со проучување на книгата Спознание и после само четири месеци откако се сретнал со сестрата на пазарот, тој побарал да се крсти!

8 Еден брат започнал студија со еден хиндус што го сретнал во воз. Човекот имал проблеми во бракот. Исто така, имал проблем и со пиењето. Сепак, се согласил Сведокот да го посети и да му ги пренесе библиските совети за семејниот живот. Библиските морални науки го привлекле и се согласил на библиска студија. Заедно со своето семејство почнал да присуствува на состаноците. Подоцна им ја пренеле вистината на пријателите и роднините. Засега, шестмина од овие луѓе ја прифатиле вистината!

9 Божјата волја е „сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“ (1. Тим. 2:4). Тоа вклучува мажи и жени кои исповедаат некоја нехристијанска религија, како што е хиндуизмот. Ако на твоето подрачје има хиндуси, зошто наскоро не ги посетиш и не употребиш некои од предлозите што се изнесени во оваа статија?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели