Состаноци за служба за септември
Седмица што почнува од 6 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
17 мин: „Дали работиш со намера?“ Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари од книгата Наша служба, страници 88, 89. Охрабри ги сите да бидат доследни и темелни во службата.
18 мин: „Родители — дајте им добар пример на своите деца“. Еден старешина дава краток вовед, а потоа двајца браќа кои се родители дискутираат за статијата. Тие изразуваат загриженост околу заштитата на нивните деца од негативните особини на кои се изложени на училиште, преку телевизијата и од роднините и други кои не се Сведоци. Браќата разговараат за ставот на непочитување, световниот говор и дотерување и нездравата забава. Откако ја разгледуваат потребата да дадат добар пример, тие дискутираат за начините како да изградат поголема воодушевеност за семејната студија, за собраниските состаноци и за службата на теренот. (Види Стражарска кула од 1 јули 1999, страница 8—22 и Разбудете се! од 22 септември 1991, страници 8, 9 [англ.].)
Песна 72 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 13 септември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Што постигнавме минатата година? Говор на надгледникот за служба. Разгледај врвни точки од собранискиот извештај за 1999 службена година. Дај пофалба за добрите работи што се постигнати. Истакни некои подрачја каде што можеби ќе треба подобрување. Сосредоточи се на тоа како стои собранието со присуството на состаноците и водењето библиски студии. Истакни практични цели за претстојната година.
20 мин: „Што ќе му речеш на некој хиндус?“ Прашања и одговори. Нагласи ја предноста од поставувањето заеднички темел со лицето, и истакни на кои полиња веројатно ќе се сложиме со некој хиндус. Покажи како предложените презентации можат да се прилагодат за да им се сведочи на луѓе со секаква религиозна заднина. Прикажи една добро подготвена презентација за сведочење на хиндус. За повеќе информации за хиндуизмот, види во додатокот на Наша служба за Царството од февруари 1998; книгата Расправљање, страници 21 и 22; и Čovječanstvo u potrazi za Bogom, поглавје 5.
Песна 162 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 септември
12 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот.
15 мин: Локални потреби.
18 мин: Добро користи ја книгата Творец. Говор и прикази. Наша служба за Царството од април 1999 објасни дека книгата Творец може да се нуди секогаш кога ќе сретнеме луѓе кои 1) не веруваат во Бог или кои 2) веруваат во Бог, но немаат вистинска претстава за тоа кој е тој или кои се неговите особини и намери. Прашањата кои поттикнуваат на размислување и коментарите на задната страница можат да се употребат за да се поттикне интерес да се прочита книгата. Или, пак, може делотворно да се употреби страница 152. Некој објавител би можел да праша: „Каде можеме да го најдеме најдобриот совет за тоа како да ги решиме најзбунувачките проблеми?“ Може да му покаже на лицето како познати авторитети ја пофалиле Исусовата Проповед на гората, да го замоли да избере една од седумте истакнати мисли кои најмногу го интересираат, и потоа да прочита неколку од наведените стихови. Прикажи ги обата предлога за нудење на книгата Творец, спомнувајќи ја подготовката за донации во секоја презентација. Охрабри ги сите да ја носат книгата во службата на теренот, подготвени да ја понудат секогаш кога е згодно.
Песна 175 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 септември
15 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат септемврискиот извештај за служба на теренот. Охрабри ги сите да направат планови за целосно учество во дистрибуцијата на списанија во текот на октомври. Разгледај некои од предлозите кои беа изнесени во Наша служба за Царството од октомври 1996, страница 8, за тоа како да се подготват презентации. Користејќи ги тековните списанија, спомни некои добри мисли за разговор и прикажи една или две кратки презентации. Покажи како да му се спомне на станарот подготовката за донации.
15 мин: Рубрика прашања. Говор на еден старешина.
15 мин: „Вистинското обожавање се шири во Источна Европа“. Старешина води дискусија со прашања и одговори. Наведи искуства или докази за порастот во наведените земји, како што е известено во најновите Годишници.
Песна 87 и заклучна молитва.