Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 6 септември до 20 декември 1999. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Јехова ја допуштил независната човечка влада за да докаже дека Неговиот начин на владеење секогаш е исправен и праведен (5. Мој. 32:4; Јов 34:10—12; Ерем. 10:23) [w 15.2.97 стр. 5, пас. 3].
2. Библијата покажува дека Бог го осудува секое жалење [w 1.12.97 стр. 30, пас. 3, 4].
3. Родителите ги одржуваат во исправна перспектива односите со своите деца кои се во брак со тоа што ги признаваат божествените начела за поглаварство и добриот ред (1. Мој. 2:24; 1. Кор. 11:3; 14:33, 40). [fy стр. 164, пас. 6]
4. Марко 6:31—34 покажува дека Исус бил поттикнат од сожалување кон мноштвото само поради нивната болест и сиромаштија [w 15.12.97 стр. 29, пас. 1].
5. Ако некој христијанин од класата на другите овци не може да присуствува на Меморијалот на Исусовата смрт, треба да го прослави по еден месец, во склад со начелото изнесено во 4. Мојсеева 9:10, 11 (Јован 10:16) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.93 стр. 31, пас. 9].
6. Иако христијанските баби и дедовци не ја преземаат одговорноста на таткото и мајката да ги всадат библиските вистини во своите деца, бабите и дедовците можат да играат улога на дополнување во придонесувањето кон духовниот напредок на детето (5. Мој. 6:7; 2. Тим. 1:5; 3:14, 15) [fy стр. 168, пас. 15].
7. Изреки 6:30 покажува дека крадењето може да биде оправдано или исправно под извесни околности [g 8.2.98 стр. 19, пас. 2].
8. Во 1530, Вилијам Тиндејл бил првиот кој го употребил Божјето име, Јехова, во еден англиски превод на Хебрејските списи [w 15.9.97 стр. 28, пас. 3].
9. Денес, претсликата на градот прибежиште претставува Божја подготовка со која нѐ заштитува од смрт поради прекршување на неговата заповед во врска со светоста на крвта (4. Мој. 35:11) [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.95 стр. 17, пас. 8].
10. Името Деутероном, што значи „Втор закон“, е соодветно затоа што оваа библиска книга е чисто повторување на Законот [Седмично читање на Библијата; види si стр. 36, пас. 4].
Одговори на следниве прашања:
11. Што е претставено со двата потквасени сомуни што ги принесувал еврејскиот првосвештеник на празникот Педесетница? (3. Мој. 23:15—17) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.98 стр. 13, пас. 21].
12. Кога започнал христијанскиот јубилеј, и каква слобода донел во тоа време? (3. Мој. 25:10) [Седмично читање на Библијата; види w 15.5.95 стр. 24, пас. 14].
13. Според изветшајот во книгата 4. Мојсеева, од кои три работи зависи преживувањето? [si стр. 30, пас. 1].
14. На кој начин Мојсеј бил добар пример со тоа што покажал дека нема дух на љубомора? (4. Мој. 11:29) [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.95 стр. 18, пас. 11].
15. Како случајот на Кореј, Датан и Авирон илустрира дека не е секогаш потребно да се види за да се верува? [w 15.3.97 стр. 4, пас. 2].
16. Кои два аспекта на оддавањето чест на остарените родители се истакнати во Матеј 15:3—6 и 1. Тимотеј 5:4? [fy стр. 173—175, пас. 2—5].
17. Која важна лекција е нагласена во 4. Мојсеева 26:64, 65? [Седмично читање на Библијата; види g-SB 8.11.95 стр. 10, 11, пас. 5—8].
18. На кој начин примерот на Финес ни помага да сфатиме што значи преданието на Јехова? (4. Мој. 25:11) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.95 стр. 16, пас. 12, 13].
19. Како можел некој во претсликата на градот прибежиште да „излезе надвор“ од градот? (4. Мој. 35:26) [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.95 стр. 20, пас. 20].
20. Зошто Синајскиот кодекс е благослов за библискиот превод? [w 15.10.97 стр. 11, пас. 2].
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Јехова допуштил злото да постои за да ја утврди еднаш засекогаш фундаменталната вистина дека само тој е ․․․․․․․․ и дека ․․․․․․․․ спрема неговите закони е битна за трајниот мир и среќата на сите негови суштества (Псал. 1:1—3; Изр. 3:5, 6; Проп. 8:9) [w 15.2.97 стр. 5, пас. 4].
22. Книгата 3. Мојсеева е истакната по нагласувањето на ․․․․․․․․ на крвта, покажувајќи дека нејзината единствена дозволена употреба е како ․․․․․․․․ [si стр. 29, пас. 33].
23. Во склад со Псалм 143:15б, вистинската среќа е состојба на срцето, темелена на вистинска ․․․․․․․․ и добар ․․․․․․․․ со Јехова [w 15.3.97 стр. 23, пас. 7].
24. Библијата која била резултат на преводот на Хебрејската Библија на обичен грчки, завршена околу 150 пр. н. е., станала позната како ․․․․․․․․; Еронимовиот превод на Библијата на латински станал познат како ․․․․․․․․, ․․․․․․․․, која била завршена околу 400 н. е. [w 15.8.97 стр. 9, пас. 1; стр. 10, пас. 4].
25. Користејќи ги извештаите за Валаам и Кореј кои се запишани во книгата 4. Мојсеева, Јуда ги опоменал христијаните да се чуваат од замките на ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ [si стр. 35, пас. 35].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Еднаш годишно, на (празникот Сеници; Денот на помирување; Пасхата), целата израелска нација, вклучувајќи ги и странските доселеници кои го обожавале Јехова, морале да (прекинат со секаква работа; да плаќаат десеток; да принесуваат жртви од првината) и да постат (3. Мој. 16:29—31) [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.96 стр. 10, пас. 12].
27. Една од целите на Одборот за Нов свет преводот на Библијата беше да се направи превод кој е (колку што е можно подословен; да се парафразира од оригиналните јазици; во склад со некое посебно доктринарно разбирање) за да му се даде на читателот поблизок пристап до вкусот на оригиналните јазици, како и до поврзаните мисловни процеси [w 15.10.97 стр. 11, пас. 5].
28. Според Евреите 13:19, постојаните молитви на соверниците можат многу да влијаат врз (она што го допушта Бог, кога Бог дејствува; како Бог ќе ги води работите) [w 15.4.97 стр. 6, пас. 1].
29. ‚Нишките од сина преѓа над ресите, што се по полите‘ на Израелците се барале како (света декорација; знак на скромност; видлив потсетник да бидат одвоени од светот како Јеховин народ) (4. Мој. 15:38, 39) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.84 стр. 25, пас. 16].
30. Временскиот период што е опфатен во книгата 5. Мојсеева е (два месеца; една година; две години) и нејзиното пишување било завршено на почетокот на (1513; 1473; 1467) пр. н. е. [si стр. 36, пас. 6].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
4. Мој. 16:41, 49; Мат. 19:9; Лука 2:36—38; Кол. 2:8; 3:14
31. Аскетизмот не води до посебна светост или до вистинско просветлување [g 8.1.98 стр. 21, пас. 3].
32. Блудот е единствената библиска основа за развод со можност за повторно стапување во брак [fy стр. 158, 159, пас. 15].
33. Големата активност во теократските активности, дури и во подоцните години, може да помогне во справувањето со загубата на брачниот партнер [fy стр. 170, 171, пас. 21].
34. Наоѓањето грешки во врска со начинот на кој Јехова извршува правда преку своите наименувани слуги може да има катастрофални последици [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.96 стр. 21, пас. 13].
35. Несебичната љубов ја поврзува брачната двојка и ги поттикнува да сакаат да го прават она што е најдобро еден за друг и за нивните деца [fy стр. 187, пас. 11].