Дали ја цениш Јеховината стрпливост?
1 Ако Јехова не бил стрплив во текот на изминатите 10, 20 или повеќе години со тоа што оставил да се даде обемно сведоштво, дали ти ќе ја дознаеше вистината? Колку само сме благодарни што дозволил уште многу луѓе „да се обрнат кон покајание“. Сепак, Јеховиниот голем ден на осуда ‚ќе дојде како крадец‘ (2. Петр. 3:9, 10). Значи, Божјата стрпливост не треба да се сфати погрешно како доцнење во ставањето крај на овој систем на ствари (Авак. 2:3).
2 Имај сочувство кон луѓето: Јеховината долготрпеливост далеку го надминува нашето разбирање. Не смееме да ја изгубиме од вид нејзината цел (Јона 4:1—4, 11). Јехова ја гледа жалосната состојба на човештвото и сочувствува со луѓето. И Исус го чувствува истото. Бидејќи имал сочувство кон мноштвата на кои им проповедал, тој сакал да се прошири евангелизаторското дело за да можат уште повеќе луѓе да имаат прилика да добијат вечен живот (Мат. 9:35—38).
3 Кога ќе погодат несреќи и катастрофи, зарем нашите срца не се насочени кон луѓето кои не ја знаат вистината? Луѓето денес се како „овци без пастир“ додека се обидуваат да излезат на крај и да го сфатат хаосот во светот (Мар. 6:34). Со ревносно проповедање на добрата вест, ги утешуваме оние кои се со исправно наклонети срца и го покажуваме нашето ценење за Јеховината стрпливост (Дела 13:48, NW).
4 Нашето дело е итно: Минатата година се крстија 323.439 лица и на Меморијалот присуствуваа повеќе од 14.000.000. Колкав само потенцијал има за уште многу други да го избегнат уништувањето на овој злобен систем! Колкаво ќе биде ‚големото мноштво‘, не знаеме (Отк. 7:9). Колку долго ќе трае нашиот налог да проповедаме, и тоа не го знаеме. Но, Јехова знае. Добрата вест ќе се проповеда до оној степен до кој тој ќе биде задоволен „и тогаш ќе дојде крајот“ (Мат. 24:14).
5 Преостанатото време е скратено, а Божјиот ден е на прагот (1. Кор. 7:29а; Евр. 10:37). Без сомнение, „нашето спасение сега е поблиску отколку во времето кога станавме верници“ (Рим. 13:11, NW). Да не ја промашиме целта на божествената стрпливост. Наместо тоа, итно да проповедаме за да можат да ја доживеат Јеховината голема милост што повеќе од оние кои копнеат по праведност.