ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/00 стр. 1
  • „Води ја добрата борба на верата“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Води ја добрата борба на верата“
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Борба да се прави она што е исправно
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • ,Бидете богати во добри дела‘
    Нашата служба за Царството 2002
  • Дали е добро да се тепаш?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 8/00 стр. 1

„Води ја добрата борба на верата“

1 Апостол Павле го опоменал Тимотеј да ‚ја води добрата борба на верата‘ (1. Тим. 6:12, NW). И самиот Павле живеел во склад со овие зборови. Подоцна во својот живот, со увереност изјавил дека и тој лично водел добра борба (2. Тим. 4:6—8). Тој ја извршувал службата со смелост, храброст и истрајност во секој поглед. Ако го имитираме неговиот пример, и ние можеме да го имаме истото внатрешно уверување дека го правиме најдоброто што можеме во нашата борба за христијанската вера.

2 Вложи го потребниот напор: Павле многу се трудел во службата (1. Кор. 15:10). Тоа го правиме и ние додека ги бараме сите оние кои се достојни на нашето подрачје (Мат. 10:11). За да достигнеме некои од нив можеби ќе треба да станеме рано за да им сведочиме на оние кои ќе ги сретнеме на улица. Или, пак, тоа може да значи да работиме доцна попладне или рано навечер за да ги сретнеме луѓето кога ќе се враќаат во своите домови.

3 Потребна е самодисциплина и добро планирање за да бидеме точни кога со нашата група за студија на книга имаме состанок за служба на теренот. На пример, во некои земји, некои од членовите на бетелската фамилија патуваат 60 минути во секој правец за да учествуваат во службата во текот на викендот заедно со собранието во кое се доделени. Исто така, можеби им се восхитуваме на некои објавители и семејства од нашето собрание кои патуваат прилично многу, но сепак пристигнуваат на време. Таквите примери на марливост и лична организација се вредни за имитирање.

4 Треба да бидеме мотивирани да го следиме секој интерес што ќе го најдеме. Дури и тогаш кога оставаме литература додека сведочиме на улица или во неформални прилики, треба да се потрудиме да ја земеме адресата или телефонскиот број на тоа лице. Потоа можеме да го посетиме за да го развиваме интересот и да се потрудиме да започнеме библиска студија.

5 Биди редовен во службата: Павле бил доследен и темелен во проповедањето (Рим. 15:19). Како е со тебе? Дали редовно учествуваш во службата? Дали веќе учествуваше во службата на теренот овој месец? Водителите на Собраниската студија на книга се заинтересирани да видат дека секој во нивната група учествува во службата во текот на август. Тие ќе ти помогнат во тоа.

6 Имитирајќи го примерот на Павле во целосното поддржување на добрата вест, ќе продолжиме да ја ‚водиме добрата борба за верата‘.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели