Распоред за Теократска школа за служба за 2001
УПАТСТВА
Во текот на 2001 година ќе важат следниве подготовки за водење на Теократската школа за служба:
УЧЕБНИЦИ: Задачите ќе се темелат на Библијата, Стражарска кула [w], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB] и Расудување на темел на Писмото [rs-SB].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и кратки изрази на добредојде. Нема потреба да се дава преглед на она што е на програмата. Кога надгледникот на школата ќе го воведува секој следен дел, ќе ја спомне темата што ќе се разгледува. Нека продолжи на следниов начин:
ЗАДАЧА БР. 1: 15 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула или „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“. Кога ќе се темели на Стражарска кула, оваа задача треба да се изнесе како 15-минутен поучен говор без усно повторување; кога ќе се темели на книгата „Сето Писмо“, треба да се изнесе како 10 до 12-минутен говор со 3 до 5 минути усно повторување после тоа, со користење на печатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, истакнувајќи го она што ќе биде од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема.
Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Може да им се даде приватен совет ако е потребно или ако тоа го бара говорникот.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 6 минути. Треба да ги изнесе некој старешина или слуга помошник кој делотворно ќе го примени материјалот на локалните потреби. Не е потребно да има тема. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Може да се вклучи 30 до 60 секунди општ преглед на доделените поглавја. Меѓутоа, главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите ни користат нам. Потоа, надгледникот на школата ќе ги распореди учениците во различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 5 минути. Тоа е читање на доделениот материјал од Библијата што ќе го одржи еден брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните школи. Доделбите за читање обично се доволно кратки за да им дадат можност на учениците да изнесат кратки објасненија во уводните и во заклучните забелешки. Може да се вклучи историската заднина, пророчкото или доктринарното значење, како и примената на начелата. Сите доделени стихови треба да се прочитаат без прекин. Се разбира, кога стиховите што треба да се читаат не се еден по друг, ученикот може да го наведе стихот онаму каде што продолжува читањето.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Темата на оваа презентација ќе биде земена од Расудување на темел на Писмото. Рамката може да биде неформално сведочење, повторна посета или домашна библиска студија, а учесничките може да седат или да стојат. Надгледникот на школата треба да биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката ја обработува доделената тема и му помага на станарот да резонира за библиските стихови. Ученичката на која ѝ е доделен овој дел треба да знае да чита. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник, но може да се користи и додатен помошник. Првенствено внимание треба да се обрне на делотворното користење на Библијата, а не на рамката.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Темата на оваа задача ќе биде земена од Расудување на темел на Писмото. Задачата бр. 4 може да се додели на брат или на сестра. Кога се доделува на брат, оваа задача треба секогаш да се изнесе во вид на говор. Кога се доделува на сестра, материјалот треба да се изнесе онака како што е изложено во задача бр. 3.
РАСПОРЕД ЗА ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА: Сите во собранието се охрабрени да го следат распоредот за седмично читање на Библијата, според кој треба да се прочита околу една страница на ден.
ЗАБЕЛЕШКА: За додатни информации и упатство во поглед на советот, времетраењето, писменото повторување и подготовката за задачите, ве молиме видете во Наша служба за Царството од октомври 1996, на страница 3.
РАСПОРЕД
1 јан. Читање на Библијата: 2. Цареви 13—16
Бр. 1: Еден чин на простување го отвора патот за спасение (w 1.1.99 стр. 30, 31)
Бр. 2: 2. Цареви 14:1—14
Бр. 3: Абортус — зошто е забранет? (rs стр. 25—26 пас. 4)
Бр. 4: Да му се одговори на некого кој ќе рече: ‚Јас имам право да одлучувам за прашања кои се однесуваат на моето тело‘ (rs стр. 26 пас. 5)
8 јан. Читање на Библијата: 2. Цареви 17—20
Бр. 1: Совет кој може полесно да се прифати (w 15.1.99 стр. 21—24)
Бр. 2: 2. Цареви 18:1—16
Бр. 3: Адам и Ева — вистински историски личности? (rs стр. 27—28 пас. 5)
Бр. 4: Да му се одговори на некого кој ќе рече: ‚Гревот на Адам бил Божја волја, Божји план‘ (rs стр. 29 пас. 1, 2)
15 јан. Читање на Библијата: 2. Цареви 21—25
Бр. 1: 2. Цареви — Зошто е корисна (si 73, 74 пас. 33—36)
Бр. 2: 2. Цареви 21:1—16
Бр. 3: Зошто е бескорисно да се обожаваат предци? (rs стр. 254—256 пас. 3)
Бр. 4: Зошто обожавањето на предците не му е угодно на Јехова Бог (rs стр. 256 пас. 4 до стр. 257 пас. 2)
22 јан. Читање на Библијата: 1. Летописи 1—5
Бр. 1: Увод во 1. Летописи (si стр. 74, 75 пас. 1—7)
Бр. 2: 1. Летописи 1:1—27
Бр. 3: Кои се антихристи? (rs стр. 29—31)
Бр. 4: Да се идентификуваат отпадниците (rs стр. 268—270 пас. 1)
29 јан. Читање на Библијата: 1. Летописи 6—10
Бр. 1: Како може да се покаже вистинска понизност (w 1.2.99 стр. 6, 7)
Бр. 2: 1. Летописи 9:1—21
Бр. 3: Каков став треба да имаме кон отпадниците? (rs стр. 270 пас. 2 до стр. 271 пас. 3)
Бр. 4: Христос не ја изградил црквата врз Петар (rs стр. 31—33 пас. 3)
5 фев. Читање на Библијата: 1. Летописи 11—16
Бр. 1: Биди извор на охрабрување (w 15.2.99 стр. 26—29)
Бр. 2: 1. Летописи 11:1—19
Бр. 3: Што се клучевите кои ги употребил Петар? (rs стр. 33 пас. 4 до стр. 35 пас. 5)
Бр. 4: „Апостолските наследници“ не се вистински христијани (rs стр. 36 пас. 1 до стр. 38 пас. 3)
12 фев. Читање на Библијата: 1. Летописи 17—23
Бр. 1: Опашајте се со понизност на умот (w 1.3.99 стр. 30, 31)
Бр. 2: 1. Летописи 18:1—17
Бр. 3: Каде ќе се води Армагедон? (rs стр. 38—40 пас. 3)
Бр. 4: Кој или што ќе биде уништено во Армагедон? (rs стр. 40 пас. 4 до стр. 41 пас. 2)
19 фев. Читање на Библијата: 1. Летописи 24—29
Бр. 1: 1. Летописи — Зошто е корисна (si стр. 78 пас. 22—25)
Бр. 2: 1. Летописи 29:1—13
Бр. 3: Кој ќе го преживее Армагедон? (rs стр. 41 пас. 3—8)
Бр. 4: Армагедон не претставува нарушување на Божјата љубов (rs стр. 42 пас. 1—3)
26 фев. Читање на Библијата: 2. Летописи 1—5
Бр. 1: Увод во 2. Летописи (si стр. 79 пас. 1—6)
Бр. 2: 2. Летописи 1:1—17
Бр. 3: Во Армагедон не е можно да се заземе неутрален став (rs стр. 42 пас. 4—7)
Бр. 4: Чие влијание ги турка нациите кон ситуација која ќе доведе до Армагедон? (rs стр. 42 пас. 8, 9)
5 март Читање на Библијата: 2. Летописи 6—9
Бр. 1: Немој да бидеш совладан од тегобна грижа (w 15.3.99 стр. 21—23)
Бр. 2: 2. Летописи 8:1—16
Бр. 3: Да се идентификува кој е Вавилон од книгата Откровение (rs стр. 65 пас. 1, 2)
Бр. 4: По што бил познат древниот Вавилон? (rs стр. 65 пас. 3 до стр. 67 пас. 4)
12 март Читање на Библијата: 2. Летописи 10—15
Бр. 1: Кој го обликува твоето размислување? (w 1.4.99 стр. 20—22)
Бр. 2: 2. Летописи 10:1—16
Бр. 3: Зошто религиите кои тврдат дека се христијански се дел од Големиот Вавилон (rs стр. 67 пас. 5 до стр. 68 пас. 4)
Бр. 4: Зошто е итно да се излезе од Големиот Вавилон (rs стр. 69 пас. 1—6)
19 март Читање на Библијата: 2. Летописи 16—20
Бр. 1: Заштити го своето срце од духот на обожавање на Ваал (w 1.4.99 стр. 28—31)
Бр. 2: 2. Летописи 16:1—14
Бр. 3: Што е крштавање и зошто верниците се крштаваат (rs стр. 194—195 пас. 4)
Бр. 4: Христијанско крштавање — не со попрскување, не за деца (rs стр. 195 пас. 5—10)
26 март Читање на Библијата: 2. Летописи 21—25
Бр. 1: Не пропуштај да покажуваш ценење (w 15.4.99 стр. 15—17)
Бр. 2: 2. Летописи 22:1—12
Бр. 3: Со крштавањето во вода не се простуваат гревовите (rs стр. 196 пас. 1—4)
Бр. 4: Кој е крстен со светиот дух? (rs стр. 196 пас. 5 до стр. 198 пас. 2)
2 апр. Читање на Библијата: 2. Летописи 26—29
Бр. 1: Дали Бог дејствува на „криви“ начини? (w 1.5.99 стр. 28, 29)
Бр. 2: 2. Летописи 28:1—15
Бр. 3: Крштавањето со оган не е исто што и крштавањето со свет дух (rs стр. 198 пас. 3—7)
Бр. 4: Причини зошто да ѝ обрнеме внимание на Библијата (rs стр. 43, 44)
9 апр. Читање на Библијата: 2. Летописи 30—33
Бр. 1: Како можат луѓето да го благословуваат Јехова Бог? (w 15.5.99 стр. 21—24)
Бр. 2: 2. Летописи 33:1—13
Бр. 3: Докази од Исаија и Еремија за инспирираноста на Библијата (rs стр. 45 пас. 1 до стр. 46 пас. 2)
Бр. 4: Исполнувањето на Исусовите пророштва е доказ за инспирираноста на Библијата (rs стр. 46 пас. 3, 4)
16 апр. Читање на Библијата: 2. Летописи 34—36
Бр. 1: 2. Летописи — Зошто е корисна (si стр. 84 пас. 34—36)
Бр. 2: 2. Летописи 36:1—16
Бр. 3: Библијата е научно точна (rs стр. 47 пас. 1 до стр. 49 пас. 1)
Бр. 4: a Да се одговори на приговори во врска со Библијата (rs стр. 49 пас. 2 до стр. 52 пас. 4)
23 апр. Читање на Библијата: Езра 1—6
Бр. 1: Увод во Езра и зошто е корисна (si стр. 85, 86 пас. 1—7; стр. 87 пас. 14—18)
Бр. 2: Езра 4:1—16
Бр. 3: Зошто христијаните не слават родендени? (rs стр. 337—339 пас. 1)
Бр. 4: Зошто христијаните се воздржуваат од крв? (rs стр. 184—186 пас. 2)
30 апр. Писмено повторување. Читање на Библијата: Езра 7—10
7 мај Читање на Библијата: Неемија 1—5
Бр. 1: Увод во Неемија (si стр. 88 пас. 1—5)
Бр. 2: Неемија 1:1—11
Бр. 3: Зошто христијаните не прифаќаат трансфузија на крв? (rs стр. 186 пас. 3 до стр. 187 пас. 3)
Бр. 4: b Да се одговори на тврдењата во врска со трансфузијата на крв (rs стр. 188 пас. 1 до стр. 190 пас. 2)
14 мај Читање на Библијата: Неемија 6—9
Бр. 1: Христијанското собрание е извор на зајакнувачка помош (w 15.5.99 стр. 25—28)
Бр. 2: Неемија 9:1—15
Бр. 3: Што значи да се биде повторно роден? (rs стр. 293, 294)
Бр. 4: Спасението не зависи од тоа дали некој е „повторно роден“ (rs стр. 295 пас. 1 до стр. 296 пас. 1)
21 мај Читање на Библијата: Неемија 10—13
Бр. 1: Неемија — Зошто е корисна (si стр. 90, 91 пас. 16—19)
Бр. 2: Неемија 12:27—43
Бр. 3: c Да се одговори на гледиштата во врска со повторното раѓање (rs стр. 296 пас. 3 до стр. 297 пас. 2)
Бр. 4: Исповед пред свештеник — зошто не е библиски? (rs стр. 137—139 пас. 4)
28 мај Читање на Библијата: Естира 1—4
Бр. 1: Увод во Естира (si стр. 91, 92 пас. 1—6)
Бр. 2: Естира 1:1—15
Бр. 3: Исповедање гревови направени против Бог и против човек (rs стр. 140 пас. 4 до 141 пас. 3)
Бр. 4: Зошто треба сериозните гревови да им се исповедаат на старешините? (rs стр. 141 пас. 4—8)
4 јуни Читање на Библијата: Естира 5—10
Бр. 1: Естира — Зошто е корисна (si стр. 94 пас. 16—18)
Бр. 2: Естира 5:1—14
Бр. 3: Зошто е разумно да се верува во создавање? (rs стр. 381—383 пас. 2)
Бр. 4: Да се разбере библискиот извештај за создавањето (rs стр. 383 пас. 3 до стр. 385 пас. 4)
11 јуни Читање на Библијата: Јов 1—7
Бр. 1: Увод во Јов (si стр. 95, 96 пас. 1—6)
Бр. 2: Јов 1:6—22
Бр. 3: Зошто не е библиски да се обожава крстот? (rs стр. 193 пас. 3 до стр. 194 пас. 3)
Бр. 4: Зошто луѓето умираат? (rs стр. 359—360 пас. 7)
18 јуни Читање на Библијата: Јов 8—14
Бр. 1: Савле — избран сад за Господ (w 15.5.99 стр. 29—31)
Бр. 2: Јов 8:1—22
Бр. 3: Каде се мртвите и во каква состојба се наоѓаат? (rs стр. 361 пас. 1 до стр. 363 пас. 2)
Бр. 4: Зошто Јеховините сведоци не учествуваат во традиционалните обичаи на оплакување? (rs стр. 363 пас. 3 до стр. 364 пас. 5)
25 јуни Читање на Библијата: Јов 15—21
Бр. 1: Бог не е бавен во врска со своето ветување (w 1.6.99 стр. 4—7)
Бр. 2: Јов 17:1—16
Бр. 3: d Да се одговори на неисправните гледишта во врска со смртта (rs стр. 365 пас. 1—3)
Бр. 4: Соништа — инспирирани и други (rs стр. 366—367 пас. 5)
2 јули Читање на Библијата: Јов 22—29
Бр. 1: Дали треба да го прошириш своето гледиште? (w 15.6.99 стр. 10—13)
Бр. 2: Јов 27:1—23
Бр. 3: Дрога — забранета за христијаните (rs стр. 91—93 пас. 3)
Бр. 4: Зошто христијаните не употребуваат марихуана (rs стр. 94 пас. 1 до стр. 95 пас. 1)
9 јули Читање на Библијата: Јов 30—35
Бр. 1: Зошто можеш да имаш доверба во библиските пророштва (w 15.7.99 стр. 4—8)
Бр. 2: Јов 31:1—22
Бр. 3: Зошто христијаните не употребуваат тутун? (rs стр. 95 пас. 2 до стр. 97 пас. 1)
Бр. 4: Како да се победат лошите навики? (rs стр. 97 пас. 2 до стр. 98 пас. 1)
16 јули Читање на Библијата: Јов 36—42
Бр. 1: Јов — Зошто е корисна (si стр. 100 пас. 39—43)
Бр. 2: Јов 36:1—22
Бр. 3: Нациите нема да ја осуетат Божјата намера со Земјата (rs стр. 128—129 пас. 5)
Бр. 4: Дали Јехова ќе ја уништи Земјата со оган? (rs стр. 129 пас. 6 до стр. 131 пас. 1)
23 јули Читање на Библијата: Псалми 1—10
Бр. 1: Увод во Псалми (прв дел) (si стр. 101 пас. 1—5)
Бр. 2: Псалм 3:1—4:8
Бр. 3: Припадниците на Новиот Ерусалим нема да се вратат на Земјата откако ќе бидат уништени злите (rs стр. 131 пас. 2 до стр. 132 пас. 1)
Бр. 4: Дали е променета Божјата првобитна намера со Земјата? (rs стр. 132 пас. 2 до стр. 133 пас. 2)
30 јули Читање на Библијата: Псалми 11—18
Бр. 1: Увод во Псалми (втор дел) (si стр. 102 пас. 6—11)
Бр. 2: Псалм 10:1—12:6
Бр. 3: Како можеме да ги охрабриме болните? (rs стр. 271—272 пас. 2)
Бр. 4: Како можеме да ги охрабриме ужалените (rs стр. 272 пас. 3—7)
6 авг. Читање на Библијата: Псалми 19—26
Бр. 1: Здрава комуникација — клуч за добар брак (w 15.7.99 стр. 21—23)
Бр. 2: Псалм 19:1—20:13
Бр. 3: Охрабрување за оние кои се прогонувани затоа што ја извршуваат Божјата волја (rs стр. 272 пас. 8 до стр. 273 пас. 5)
Бр. 4: Како можеш да ги охрабриш оние кои се обесхрабрени заради неправдите? (rs стр. 273 пас. 6 до стр. 274 пас. 2)
13 авг. Читање на Библијата: Псалми 27—34
Бр. 1: Филип — ревносен евангелизатор (w 15.7.99 стр. 24, 25)
Бр. 2: Псалм 27:1—28:11
Бр. 3: Какво е охрабрувањето за оние кои се притиснати од економски проблеми? (rs стр. 274 пас. 3—7)
Бр. 4: Охрабрување за оние кои се обесхрабрени заради своите недостатоци (rs стр. 274 пас. 8 до стр. 275 пас. 3)
20 авг. Читање на Библијата: Псалми 35—39
Бр. 1: Притисок од врсниците — може ли да ти користи? (w 1.8.99 стр. 22—25)
Бр. 2: Псалм 37:1—22
Бр. 3: Еволуција — научна дилема (rs стр. 110—112 пас. 2)
Бр. 4: Еволуцијата, фосилните записи и разумноста (rs стр. 112 пас. 3 до стр. 115 пас. 4)
27 авг. Писмено повторување. Читање на Библијата: Псалми 40—47
3 септ. Читање на Библијата: Псалми 48—55
Бр. 1: Пази да не те спрепне гневот (w 15.8.99 стр. 8, 9)
Бр. 2: Псалм 48:1—20
Бр. 3: e Да се одговори на тврдењата на еволуционистите (rs стр. 115 пас. 5 до стр. 118 пас. 2)
Бр. 4: Зошто на многу луѓе им недостига вера? (rs стр. 69—71 пас. 1)
10 септ. Читање на Библијата: Псалми 56—65
Бр. 1: Дали Ѓаволот нѐ разболува? (w 1.9.99 стр. 4—7)
Бр. 2: Псалм 58:1—17
Бр. 3: Како може да се стекне вера? (rs стр. 71 пас. 2—5)
Бр. 4: Верата во праведниот нов систем на работи се докажува со дела (rs стр. 71 пас. 7 до стр. 72 пас. 4)
17 септ. Читање на Библијата: Псалми 66—71
Бр. 1: Избери го „добриот дел“ (w 1.9.99 стр. 30, 31)
Бр. 2: Псалм 68:1—19
Бр. 3: Како можат да се идентификуваат лажните пророци? (rs стр. 199—200 пас. 4)
Бр. 4: Вистинските пророци не разбираат секогаш како и кога ќе се случат работите што ги претскажуваат (rs стр. 200 пас. 5 до стр. 201 пас. 2)
24 септ. Читање на Библијата: Псалми 72—77
Бр. 1: Зошто да ги одржуваш своите ветувања? (w 15.9.99 стр. 8—11)
Бр. 2: Псалм 72:1—24
Бр. 3: Објавите на вистинскиот пророк го унапредуваат вистинското обожавање (rs стр. 201 пас. 3, 4)
Бр. 4: Вистинските пророци се идентификуваат според нивните плодови (rs стр. 202 пас. 1 до стр. 203 пас. 2)
1 окт. Читање на Библијата: Псалми 78—81
Бр. 1: Стекни мудрост и прифати стега (w 15.9.99 стр. 12—15)
Бр. 2: Псалм 77:1—22
Бр. 3: Да им одговориме на оние кои нѐ нарекуваат лажни пророци (rs стр. 203 пас. 3 до стр. 204 пас. 1)
Бр. 4: Бог не предодредува кога ќе умре секој од нас (rs стр. 386 пас. 1—3)
8 окт. Читање на Библијата: Псалми 82—89
Бр. 1: Тимотеј — „вистинското чедо по вера“ (w 15.9.99 стр. 29—31)
Бр. 2: Псалм 87:1—18
Бр. 3: Сѐ што се случува не е по Божја волја (rs стр. 387 пас. 1 до стр. 388 пас. 5)
Бр. 4: Бог не знае и не предодредува сѐ однапред (rs стр. 388 пас. 6 до стр. 389 пас. 1)
15 окт. Читање на Библијата: Псалми 90—98
Бр. 1: Зајакнати да кажеме ‚не‘ на престапувањето (w 1.10.99 стр. 28—31)
Бр. 2: Псалм 89:1—17
Бр. 3: Божјата способност однапред да ги знае и однапред да ги предодреди настаните (rs стр. 389 пас. 2 до стр. 390 пас. 1)
Бр. 4: Зошто Бог не го употребил своето предзнаење во врска со Адам (rs стр. 390 пас. 2—4)
22 окт. Читање на Библијата: Псалми 99—105
Бр. 1: Да го научиме ненадминливиот пат на љубовта (w 15.10.99 стр. 8—11)
Бр. 2: Псалм 102:1—22
Бр. 3: Бог не ги предодредил Јаков, Исав ниту Јуда (rs стр. 391 пас. 1—3)
Бр. 4: Во кој поглед било предодредено христијанското собрание? (rs стр. 391 пас. 4 до стр. 392 пас. 1)
29 окт. Читање на Библијата: Псалми 106—109
Бр. 1: „Самиот Јехова дава мудрост“ (w 15.11.99 стр. 24—27)
Бр. 2: Псалм 106:1—19
Бр. 3: Кое е библиското гледиште за астрологијата? (rs стр. 392 пас. 2 до стр. 393 пас. 3)
Бр. 4: Кои се некои добри причини за да се верува во Бог? (rs стр. 53—54 пас. 1)
5 ноем. Читање на Библијата: Псалми 110—118
Бр. 1: Апокалипсата — да се плашиме од неа или да се надеваме на неа? (w 1.12.99 стр. 5—8)
Бр. 2: Псалм 111:1—112:9
Бр. 3: Злобата и страдањето не се противдоказ за постоењето на Бог (rs стр. 54 пас. 2—4)
Бр. 4: Бог е реална личност која има чувства (rs стр. 55 пас. 1—7)
12 ноем. Читање на Библијата: Псалм 119
Бр. 1: Не дозволувај твојата јака страна да ти стане слабост (w 1.12.99 стр. 26—29)
Бр. 2: Псалм 118:1—24
Бр. 3: Бог немал почеток (rs стр. 55 пас. 8 до стр. 56 пас. 2)
Бр. 4: За спасение е неопходно да се употребува Божјето име (rs стр. 56 пас. 3—6)
19 ноем. Читање на Библијата: Псалми 120—137
Бр. 1: Псалми — Зошто е корисна (1. дел) (si стр. 104, 105 пас. 23—27)
Бр. 2: Псалм 119:1—121:9
Бр. 3: Дали сите религии се добри? (rs стр. 56 пас. 7 до стр. 57 пас. 3)
Бр. 4: Каков „Бог“ е Исус? (rs стр. 57 пас. 4, 5)
26 ноем. Читање на Библијата: Псалми 138—150
Бр. 1: Псалми — Зошто е корисна (2. дел) (si стр. 105, 106 пас. 28—32)
Бр. 2: Псалм 138:1—24
Бр. 3: fДа се одговори на приговорите во врска со верувањето во Бог (rs стр. 57 пас. 6 до стр. 59 пас. 1)
Бр. 4: Зошто луѓето не се способни да воспостават една праведна влада (rs стр. 73—74 пас. 1)
3 дек. Читање на Библијата: Пословици 1—7
Бр. 1: Увод во Пословици (прв дел) (si стр. 106, 107 пас. 1—5)
Бр. 2: Пословици 4:1—27
Бр. 3: Зошто човечките напори да донесат олеснување не можат да бидат успешни (rs стр. 74 пас. 2 до стр. 75 пас. 2)
Бр. 4: Божјето Царство е единствено решение за вистинските потреби на човештвото (rs стр. 75 пас. 3 до стр. 76 пас. 1)
10 дек. Читање на Библијата: Пословици 8—13
Бр. 1: Увод во Пословици (втор дел) (si стр. 107, 108 пас. 6—11)
Бр. 2: Пословици 13:1—25
Бр. 3: Библиските пророштва се докажале целосно веродостојни (rs стр. 76 пас. 2—5)
Бр. 4: Чудотворните лечења денес не се извршуваат со Божјиот дух (rs стр. 204—205 пас. 2)
17 дек. Читање на Библијата: Пословици 14—19
Бр. 1: Пословици — Зошто е корисна (прв дел) (si 109, 110 пас. 19—28)
Бр. 2: Пословици 16:1—25
Бр. 3: Разлика помеѓу лекувањата што ги вршеле Исус и неговите апостоли и лекувањата денес (rs стр. 205 пас. 3—6)
Бр. 4: По што се идентификуваат вистинските христијани денес (rs стр. 206 пас. 1—5)
24 дек. Читање на Библијата: Пословици 20—25
Бр. 1: Пословици — Зошто е корисна (втор дел) (si стр. 110, 111 пас. 29—38)
Бр. 2: Пословици 20:1—30
Бр. 3: Зошто во првиот век биле дадени дарови на лекување (rs стр. 207 пас. 1 до стр. 208 пас. 1)
Бр. 4: Каква надеж постои за вистинско лекување на целото човештво? (rs стр. 208 пас. 2—4)
31 дек. Писмено повторување. Читање на Библијата: Пословици 26—31
[Фусноти]
a Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
b Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
c Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
d Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
e Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
f Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. кои најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.