ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 9 октомври
  • Седмица што почнува од 16 октомври
  • Седмица што почнува од 23 октомври
  • Седмица што почнува од 30 октомври
  • Седмица што почнува од 6 ноември
Нашата служба за Царството 2000
km 10/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 9 октомври

Песна 201

8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

12 мин: „Обрни внимание на Божјите чудесни дела“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

25 мин: „Новиот милениум — што Ви носи иднината?“ Воодушевена дискусија на надгледникот за служба. Откако ќе го прочита известувањето што е дадено во писмото од Заедницата до старешините со датум од 3 јули 2000, да им се подели по еден примерок од Вест за Царството бр. 36 на сите присутни. Потоа продолжи со дискусија за статијата со прашања и одговори. Изнеси ги локалните подготовки за целосно обработување на подрачјето. Разгледај како да им се помогне на новите и на децата да се квалификуваат за некрстени објавители. Нека има една кратка презентација. Нагласи ја потребата сите да имаат целосно учество во оваа кампања.

Песна 53 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 октомври

Песна 200

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите дека за време на активноста во текот на викендот, треба да се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! заедно со Вест за Царството бр. 36.

15 мин: „Алатки кои поучуваат, мотивираат и зајакнуваат.“ (Само пасуси 1 и 2.) Говор. Кратко изнеси го историскиот преглед како Заедницата започнала со видеопродукција. (Види ја книгата Proclaimers [Објавители] страници 600, 601.) Охрабри ги сите да ја гледаат видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името како подготовка за дискусијата што ќе се води на Состанокот за служба во седмицата од 30 октомври. Оние што ја имаат оваа видеокасета можат да им ја дадат на другите што ја немаат, или можеби ќе можат да ја гледаат заедно.

20 мин: Секој од нас може да покаже пионерски дух. Дискусија меѓу еден водител на студија на книга и неговиот помошник, на темел на Стражарска кула од 15 октомври 1997, страници 22, 23. Разгледај зошто би било добро да има повеќе пионери во собранието и како можат сите да придонесат да се постигне оваа цел. Исто така, дискутирај за некои начини како можат да се охрабрат оние кои моментално се пионери да продолжат со својата служба и како можат сите во собранието да ја зголемат ревноста за службата.

Песна 163 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 октомври

Песна 160

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Добро подготвувај се за состаноците. Говор и дискусија со присутните. Користа што ја извлекуваме од состаноците многу зависи од тоа колкав труд вложуваме во подготовката. Разгледај ги практичните предлози што се дадени во Стражарска кула од 1 март 1998, страници 15 и 16, пасуси 8—11. Замоли ги присутните да коментираат како ја развиле потребната иницијатива и како наоѓаат време за добра подготовка.

Песна 211 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 октомври

Песна 19

8 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за октомври.

12 мин: Искуства од нудењето на Вест за Царството бр. 36. Прашај различни објавители да раскажат некои од охрабрувачките резултати што ги имале досега во дистрибуирањето на Вест за Царството бр. 36. Замоли ги општите и помошните пионери да го изразат своето ценење за зголемената активност во текот на оваа кампања и за можноста што ја имаат да работат со голем број различни објавители.

25 мин: Јеховини сведоци — организацијата зад името. Дискусија со присутните. Разгледај ги прашањата што се дадени во 3. пасус од „Алатки кои поучуваат, мотивираат и зајакнуваат“. Дај предлози за тоа како може да се користи оваа видеокасета за да им се помогне на заинтересираните подобро да се запознаат со нашата организација. Вклучи едно или две кратки искуства. (Види Стражарска кула од 1 октомври 1992, страници 30, 31.)

Песна 172 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 ноември

Песна 67

15 мин: Локални известувања. Разгледај како напредува дистрибуирањето на Вест за Царството бр. 36. Извести колкаво подрачје е обработено досега и што ќе биде потребно за да се обработи целосно до 17 ноември.

20 мин: Во што веруваме? Еден брат прави повторна посета кај едно лице кое прашало: „Што поучуваат Јеховините сведоци што ги разликува од другите религии?“ Дискутирај за некои мисли кои се обработени во рамката на 6. страница од Стражарска кула од 1 октомври 1998. Објасни дека другите религии ги игнорираат или ги отфрлаат овие основни библиски вистини во корист на човечки учења.

10 мин: Пеењето — важен дел од нашето обожавање. Еден водител на студија на книга разговара со двајца објавители во врска со нивното пеење на собраниските состаноци. Тој забележал дека тие пеат некако без сила. Споделува некои мисли од Стражарска кула од 1 февруари 1997, страници 27 и 28. Го анализираат текстот на една од песните што треба да се пеат на студијата на Стражарска кула таа седмица, како што беше предложено во Стражарска кула од 1 јули 1999, 20. страница, 12. пасус. Ако сериозно го сфатиме пеењето, внесуваме живост во искажувањето срдечни фалби на Јехова.

Песна 26 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели