ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 јуни
  • Седмица што почнува од 21 јуни
  • Седмица што почнува од 28 јуни
  • Седмица што почнува од 5 јули
Нашата служба за Царството 2004
km 6/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 14 јуни

Песна 168

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Употреби го предлогот на 4. страница (ако одговара на вашето подрачје) за да покажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 јуни. Во презентацијата прикажи како објавителот сведочи на деловно подрачје. Може да се употреби и друга реалистична презентација.

20 мин: „Јехова им помага на оние што имаат доверба во него.“a Кога дискутираш за 4. пасус, вклучи коментари од Наша служба за Царството од декември 1999, 4. страница, пасуси 8 и 9, и од книгата Школа за служба, 67. страница, 1. пасус.

15 мин: Зошто да се чуваме од злоупотребата на дрога? Дискусија со присутните темелена на книгата Расправљање, страници 91—95. „Рекреативната“ употреба на дрога е вообичаена. Мнозина упорно тврдат дека таквата употреба на дрога не е штетна; некои дури и се залагаат за легализирање. Дискутирај како би можеле да резонираме со таквите. Вклучи коментари од рамката на 10. страница во српското издание на Разбудете се! од 8 ноември 1999.

Песна 179 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 јуни

Песна 29

10 мин: Локални известувања.

15 мин: „Ангелите ни помагаат.“b Замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови, доколку дозволува времето.

20 мин: Мудроста одозгора пред сѐ е разумна (Јак. 3:17). Говор и дискусија со присутните темелена на книгата Школа за служба, страници 251, 252. Што значи да се биде разумен? Зошто тоа е важно во нашата служба? Што можеме да научиме од примерот на апостол Павле? Како можат објавителите да ја земат предвид заднината на луѓето на локалното подрачје? Како можеме да им помогнеме на библиските студенти да покажуваат разумност? Договори однапред еден или двајца да раскажат искуства што ги покажуваат користите од разумниот пристап.

Песна 53 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 јуни

Песна 139

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за јуни. Користејќи ги предлозите на 4. страница (доколку одговараат за вашето подрачје), прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од 8 јули. И во двата случаи, објавителот на почетокот нека каже некој краток, пријателски коментар. Спомни дека тоа може да помогне станарот да се чувствува поопуштено.

15 мин: Локални потреби.

18 мин: „Собраниска студија на книга — зошто ни е потребна“c Користи ги дадените прашања. Вклучи коментари од статијата „Помагај му на твојот надгледник на собраниска студија на книга“, која излезе на 1. страница во Наша служба за Царството од ноември 2002.

Песна 20 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 јули

Песна 3

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Што ќе кажеш? Говор и дискусија со присутните. Во текот на јули и август ќе нудиме брошури. Кои брошури објавителите сметаат дека се делотворни на локалното подрачје? Разгледај ги предложените презентации во Наша служба за Царството од јули 1998, 8. страница, или од други претходни изданија. Истакни дека секоја презентација вклучува 1) прашање, 2) стих и 3) мисла за која се дискутира во публикацијата. Прикажи една или две презентации. Поттикни ги сите да ја користат Библијата кога ја презентираат добрата вест.

20 мин: Што им е потребно на децата од родителите. Говор и дискусија со присутните темелена на книгата Учи од Големиот Учител, страници 6 и 7. Многу е важно децата да ги научат библиските начела по кои се води чистото обожавање и да ја сфатат клучната улога на нивните родители во процесот на воспитување. Дискутирај за предлозите што се дадени во врска со тоа како да се проучува книгата. Замоли ги родителите да коментираат како тие ја користат оваа алатка за проучување. Едно или две деца нека кажат зошто ја сакаат оваа публикација.

Песна 65 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели