Ангелите ни помагаат
1 „Гледај, јас сум со вас во сите денови сѐ до завршетокот на системот на работи.“ Колку само се охрабрувачки овие зборови за оние што ѝ се послушни на Исусовата заповед: „Затоа одете и правете ученици“! (Мат. 28:18—20). Еден значаен начин на кој Исус е со вистинските христијани е преку неговите ангели (Мат. 13:36—43). Колку е возбудливо да се објавува ‚вечната добра вест‘ заедно со овие верни духовни суштества! (Откр. 14:6, 7).
2 Во нашата служба: Библијата открива дека ангелите се пратени „да им служат на оние кои ќе наследат спасение“ (Евр. 1:14). Во првиот век ангелите биле вклучени во тоа да ги упатуваат следбениците на Исус до достојните (Дела 8:26). Денес Божјите слуги и понатаму гледаат докази за ангелско водство. Во многу прилики, станарите рекле дека се молеле за помош кога некој Сведок им дошол на врата. Колку само се радуваме, заедно со ангелите, кога таквите лица се оѕвиваат на пораката за Царството! (Лука 15:10).
3 Кога се соочуваме со противење: Даниел, неговите тројца млади еврејски другари, апостол Петар и многу други кои претрпеле големи испити, искусиле дека Јехова ги заштитува преку ангели, кои се „моќни во силата“ (Псал. 103:20; Дан. 3:28; 6:21, 22; Дела 12:11). Иако можеби понекогаш кога сме соочени со противење се чувствуваме беспомошни, можеме да бидеме охрабрени од искуството на слугата на Елисеј кога дознал дека „ги има повеќе со нас, отколку со нив“ (2. Цар. 6:15—17). Дури и ако насилно сме одделени од нашите христијански браќа, не треба да очајуваме. Божјата реч нѐ уверува: „Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него“ (Псал. 34:7).
4 Наскоро ангелски војски ќе јаваат за да го отстранат секое противење против Христовото царување (Откр. 19:11, 14, 15). Додека го чекаме тој ден, да продолжиме смело да го славиме Јехова, потполно уверени во силната поддршка од небесните војски под заповед на Христос (1. Петр. 3:22).