Распоред за состаноците
Седмица од 14 мај
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 мај и Разбудете се! од мај.
20 мин: Како се финансира нашето дело локално и низ целиот свет. Говор и дискусија со присутните на темел на 12. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
15 мин: „Тој му ја враќа силата на уморниот.“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
Песна 1 и заклучна молитва.
Седмица од 21 мај
10 мин: Локални известувања. Разгледај ја рамката Рубрика прашања.
15 мин: Можеш да научиш друг јазик! Говор на темел на Разбудете се! од март 2007, страници 10-12. Истакни колку е корисно да научиме друг јазик за да ја шириме добрата вест.
20 мин: „Дали ја браниш Божјата реч?“b Вклучи некои мисли од рамките на страници 143, 144 од книгата Школа за служба.
Песна 202 и заклучна молитва.
Седмица од 28 мај
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за мај. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од јуни.
20 мин: Во јуни можеме да ја нудиме книгата Творец или, пак, книгата Тајната на семејната среќа. Истакни некои информации од книгите што се корисни за вашето подрачје. Исто така, треба да се прикаже како да се понудат книгите со помош на презентации што би биле делотворни на вашето подрачје. Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да кажат какви добри резултати имале кога ги користеле овие книги со познаниците или роднините.
15 мин: Искуства од службата. Нека бидат раскажани искуства што ги доживеале помошните пионери и други објавители што во зголемена мерка учествувале во службата во март, април и мај. Исто така, нека бидат раскажани искуства што ги доживеале оние што, со цел да започнат библиска студија, повторно ги посетувале лицата на кои им оставиле списанија. Нека бидат одглумени едно до две убави искуства.
Песна 21 и заклучна молитва.
Седмица од 4 јуни
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Поучи ги своите деца да го фалат Јехова.“c Кога ќе го обработувате 4. пасус, вклучи некои мисли од Нашата служба за Царството од јули 2005, 3. страница.
Песна 169 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.