ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/08 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Поднаслови
  • Седмица од 14 јануари
  • Седмица од 21 јануари
  • Седмица од 28 јануари
  • Седмица од 4 февруари
Нашата служба за Царството 2008
km 1/08 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 14 јануари

Песна 41

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од јануари.

15 мин: „Добро искористи го времето во служба.“a Интервјуирај еден брат што дава добар пример во тој поглед. Што прави за добро да го искористи времето додека е во служба?

20 мин: „Вашиот збор секогаш нека биде... зачинет со сол.“b Кога ќе го разгледувате 2. пасус, прочитај го Јован 4:7-15, 39.

Песна 85

Седмица од 21 јануари

Песна 215

10 мин: Локални известувања. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во февруари, и нека биде прикажана една презентација. Поттикни ги сите да го гледаат DVD-то Методи на лекување без трансфузија — да се задоволат потребите и правата на пациентите (на српски) за да се подготват за дискусијата што ќе се одржи на Состанокот за нашата служба во седмицата од 4 февруари.

10 мин: Дали ја користиш брошурката Секојдневно истражување на Писмото? Говор и дискусија со присутните на темел на предговорот од брошурката Секојдневно истражување на Писмото — 2008. Објасни зошто е корисно секој ден да одвоиме време за да ги разгледаме дневниот стих и коментарот. Замоли ги присутните да кажат кога тие обично го разгледуваат стихот и како тоа им користи. Со еден до двајца од нив можеш однапред да се договориш. Накратко спомни го годишниот стих за 2008 год.

25 мин: ,Темелно да сведочиме за добрата вест‘c (пас. 1-10). Точката да ја одржи надгледникот за служба. Интервјуирај еден до двајца објавители кои биле помошни пионери минатата година иако имале многу други обврски или, пак, имале здравствени ограничувања. Како успеале во тоа? Какви благослови доживеале? Кога ќе го разгледувате 7. пасус, кажи го распоредот за состаноците за проповедање во март, април и мај.

Песна 177

Седмица од 28 јануари

Песна 52

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јануари. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од февруари. Откако ќе изнесеш краток преглед на секое списание, прашај ги присутните кои статии би биле најинтересни за луѓето од подрачјето, и зошто. Замоли ги присутните да кажат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кои прашања би можеле да започнеме разговор? Кои стихови од статијата би можеле да ги прочитаме? Како би можеле да ги поврземе стиховите со статијата? За да прикажеш како да се понуди секое од списанијата, употреби ги предложените презентации од 8. страница.

20 мин: ,Темелно да сведочиме за добрата вест‘d (пас. 11-17). Кога ќе го разгледувате 14. пасус, сите присутни нека добијат по еден примерок од специјалната покана за Спомен-свеченоста, ако ја имате на располагање. Исто така, спомни што се планира во вашето собрание за да се дели поканата на подрачјето.

15 мин: „Помогни им да станат објавители на добрата вест.“e Ако дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 22

Седмица од 4 февруари

Песна 161

10 мин: Локални известувања. Разгледај ја Рубриката прашања.

10 мин: Локални потреби.

25 мин: „Дали одложуваш?“ Точката треба да ја одржи еден старешина. Со помош на прашањата од статијата, веднаш почни дискусија со присутните за DVD-то Потребите и правата на пациентите. Во заклучокот, прочитај го последниот пасус и поттикни ги сите внимателно да ги разгледаат наведените статии од Стражарска кула и од Нашата служба за Царството. Објасни како може секој што сѐ уште не го сторил тоа да ги употреби корисните прашалници од додатокот во Нашата служба од ноември 2006 год. за да донесе лична одлука во врска со крвните фракции и медицинските постапки, а потоа да ја пополни ТП картичката. Оние што веќе го сториле тоа, можат да ги разгледаат своите претходни одлуки и, ако е потребно, да пополнат нова картичка.

Песна 4

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели