Распоред за состаноците
Седмица од 10 ноември
10 мин.: Локални известувања. Вклучи коментари од надгледникот за служба за тоа до каде е обработено вашето подрачје со трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Бидејќи многу објавители веќе ги користеле во службата Стражарска кула од 1 ноември и Разбудете се! од ноември, замоли ги присутните да кажат како успешно ги нуделе овие списанија.
15 мин.: Покажувај љубов и дарежливост. Говор од еден старешина на темел на Стражарска кула од 15 ноември 2008, страници 6, 7.
20 мин.: „Да го делиме нашето скапоцено богатство со другите.“a Кога ќе го обработувате 2. пасус, замоли ги присутните да кажат кои библиски вистини ги привлекле кон Јеховината организација или, пак, почнале уште повеќе да ги ценат откако се крстиле.
Седмица од 17 ноември
10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
15 мин.: Прашања.b
20 мин.: „Ти можеш да бидеш учител!“c Интервјуирај некој објавител или пионер кој порано си мислел дека никогаш не би можел да води библиска студија. Како се потпирал на Јехова за помош? На кои конкретни начини го оспособила организацијата? Какви благослови имал затоа што водел библиски студии?
Седмица од 24 ноември
10 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во декември, и нека има една до две презентации.
20 мин.: Локални потреби.
15 мин.: Подготви се за да ги нудиш списанијата Стражарска кула од 1 декември и Разбудете се! од декември. Откако ќе дадеш краток преглед на списанијата, прашај ги присутните за кои статии мислат дека би биле најинтересни за луѓето од подрачјето. Со кои прашања и стихови би можеле да започнеме разговор за статиите? Прикажи како би можело да се употреби некоја од предложените презентации во Нашата служба за Царството. Еден старешина нека изнесе кратка презентација што ја подготвил на темел на некоја статија која би одговарала на вашето подрачје.
Седмица од 1 декември
10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за ноември.
15 мин.: Искуства. Извести го собранието колкав дел од вашето подрачје е обработен со трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Замоли ги присутните да раскажат некои искуства што ги имале додека го делеле трактатот или кога го користеле за да започнат библиски студии. Исто така, раскажи некои охрабрувачки искуства од ноември кога се нудеше книгата Што учи Библијата. Може да се одглумат едно или две убави искуства.
20 мин.: „Подгответе ги новите да се соочат со противење.“d Кога ќе го обработувате 2. пасус, накратко спомни како информациите од книгата Расправљање, под насловот „Јеховини сведоци“, можат да им помогнат на интересентите да одговорат на прашањата на загрижените роднини и пријатели.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.