Подгответе ги новите да се соочат со противење
1 Оние што почнуваат да ја проучуваат Библијата и „сакаат да живеат оддадено на Бог“ стануваат посебна мета на Сатана (2. Тим. 3:12). Може да им се противат колегите, соучениците или, пак, соседите. Особено може да им падне тешко кога им се противат добронамерните роднини (Мат. 10:21; Мар. 3:21).
2 Противењето било проречено: Новите мора да разберат дека треба да очекуваат прогонство. Но, тоа е показател дека стануваат вистински ученици на Христос (Јован 15:20). Можеби понекогаш другите се противат затоа што се погрешно информирани за Јеховините сведоци. Не заборавајте дека оние што трпат понижување затоа што го следат Исус и затоа што му се послушни на Бог ќе чувствуваат голема радост (Дела 5:27-29, 40, 41). Уверете ги новите дека Јехова со љубов ќе им помага (Пс. 27:10; Мар. 10:29, 30). Кога му остануваат верни, тие застануваат на неговата страна во врска со спорното прашање за тоа кој има неприкосновено право да владее (Изр. 27:11).
3 Важно е добро да се познава вистината: Помогни им на интересентите да сфатат колку е важно да продолжат добро да се запознаваат со вистината и покрај проблемите кои можеби ги имаат. Служејќи се со противење, Сатана се обидува да ги спречи она што го учат да им се вкорени во нивните симболични срца (Изр. 4:23; Лука 8:13). Тие мораат сѐ подобро да се запознаваат со Божјата реч за да бидат цврсто вкоренети во верата (Пс. 1:2, 3; Кол. 2:6, 7).
4 Потребна е истрајност: Во секоја тешка ситуација, истрајноста е многу важна и може да даде добри резултати (Лука 21:16-19). Кога новите истрајуваат и покрај противење, тоа им користи и ним и на другите. Тогаш на своја кожа чувствуваат дека Јехова богато ги благословува оние што верно истрајуваат (Јак. 1:12).
5 Апостол Павле се радувал на духовниот напредок на браќата во Солун. На мнозина самиот им помогнал да ја прифатат вистината и му благодарел на Бог за нив (2. Сол. 1:3-5). И ние можеме да ја почувствуваме истата радост и задоволство ако ги подготвиме нашите интересенти да истраат и покрај противење.