Распоред за седмицата од 16 март
СЕДМИЦА ОД 16 МАРТ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 2 пас. 12-21, рамка на стр. 24
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Мојсеева 43-46
Бр. 1: 1. Мојсеева 44:1-17
Бр. 2: Исус има моќ над демоните (lr погл. 10)
Бр. 3: Библиските пророштва се покажале сосема точни (rs стр. 76 пас. 2-5)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Името ни открива каков е Јехова. Охрабрувачки говор на темел на книгата Школа за служба, страница 274, пасуси 2-5.
10 мин.: Добро користи го Годишникот за 2009. Говор и дискусија со присутните. Треба да се истакнат главните мисли од Писмото од Водечкото тело, од додатокот во Нашата служба за Царството. Однапред договори се со некои објавители да раскажат кратко искуство од Годишникот кое посебно ги охрабрило. Замоли ги присутните да кажат кои податоци од извештајот од целиот свет им оставиле посебен впечаток. На крајот поттикни ги сите да го прочитаат целиот Годишник.
10 мин.: „Како да водиме библиски студии со книгата Божјата љубов“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.