Бидете добро подготвени за Спомен-свеченоста
За нас, како следбеници на Христос, е огромна радост и задоволство добро да се подготвуваме секоја година за ноќта кога ја одбележуваме смртта на Исус Христос! (Лука 22:19). Кои практични работи треба да ги направиме за да се подготвиме за Спомен-свеченоста?
◼ Време и место: Секој треба да знае кога и каде точно ќе се одржи Спомен-свеченоста. Кога е планирано истата Сала на Царството да ја користат повеќе собранија, важно е да се пристигне на време и уредно да се напушти Салата, бидејќи времето меѓу двата состанока е ограничено. Треба да се избегне непотребна турканица во ходникот или пред влезот, на тротоарите и на паркиралиштето.
◼ Покани: Дали сите објавители имаат доволно покани и дали ја разгледале содржината? Дали вежбавте како да ја нудите поканата? Кому ќе му давате покани? Треба да настојувате да ги дадете сите покани.
◼ Превоз: На некои интересенти, а и на некои браќа и сестри можеби ќе им треба превоз или друга помош. Што имате организирано за да се погрижите за нивните потреби?
◼ Симболи: Погрижете се симболите да не бидат послужени пред зајдисонце. На секој помазаник што е немоќен и не е во состојба да присуствува треба да му се овозможи да биде послужен со симболите. Треба да се набават и да бидат подготвени соодветни леб и вино. (Види Стражарска кула од 15 февруари 2003, страница 14, 15 пасус 14, 17.)
◼ Сала на Царството: Салата на Царството треба однапред темелно да се исчисти. Во Салата треба доволно однапред да се донесат и да се постават соодветни маса и чаршаф, како и чаши и чинии. Ако користите друг објект, проверете дали ќе има соодветен разгласен систем за да можат сите присутни да го слушаат говорникот. Редарите и послужителите треба да бидат избрани доволно рано и да добијат упатства за своите должности, како и за изгледот и за облеката, кои треба да бидат достоинствени.
На овој најважен настан, Спомен-свеченоста по повод смртта на Исус Христос, сакаме да бидеме добро подготвени и како поединци и како собрание. Јехова сигурно богато ќе ги благослови сите што покажуваат искрено ценење за сѐ што обезбедил за човештвото преку жртвата на својот сакан Син, Исус Христос.