Потсетувања за Спомен-свеченоста
Оваа година Спомен-свеченоста ќе се одржи во понеделник, на 2 април. Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи:
◼ Кога ќе го одредувате времето на состанокот, водете сметка симболите да не бидат послужени пред зајдисонце. (Види во Нашата служба за Царството од јануари 2007, стр. 5.)
◼ Секој, вклучувајќи го и говорникот, треба да биде информиран кога и каде точно ќе се одржи Спомен-свеченоста.
◼ Треба да се набават и да бидат подготвени соодветни леб и вино. (Види Стражарска кула од 15 февруари 2003, страници 14, 15.)
◼ Во салата треба навреме да се донесат и да се постават чинии, чаши, како и соодветна маса и чаршаф.
◼ Салата на Царството или објектот каде што ќе се одржи свеченоста, треба однапред темелно да се исчисти.
◼ Редарите и послужителите треба однапред да бидат избрани и да добијат упатства за нивните должности и за тоа дека нивниот изглед и облека треба да бидат достоинствени.
◼ На секој помазаник што е немоќен и не е во состојба да присуствува треба да му се овозможи да биде послужен со симболите.
◼ Кога е планирано истата Сала на Царството да ја користат повеќе собранија, тогаш тие треба добро да соработуваат за да се избегне непотребна турканица во ходникот или пред влезот, на тротоарите и на паркиралиштето.