Потсетувања за Спомен-свеченоста
Оваа година Спомен-свеченоста ќе се одржи во среда, на 12 април. Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи:
◼ Кога ќе го одредувате времето на состанокот, водете сметка симболите да не поминат пред зајдисонце. (Види во km 1/06 7. страница.)
◼ Секој, вклучувајќи го и говорникот, треба да биде информиран точно кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста.
◼ Треба да се набават и да бидат подготвени соодветни леб и вино. (Види Стражарска кула од 15 февруари 2003, страници 14, 15.)
◼ Во салата треба навреме да се донесат и да се постават чинии, чаши, како и соодветна маса и чаршаф.
◼ Салата на Царството, или другото место каде што ќе се одржи настанот, треба однапред темелно да се исчисти.
◼ Редарите и послужителите треба однапред да бидат избрани и да добијат упатства во врска со нивните должности, исправната процедура и потребата да бидат достоинствено облечени.
◼ На секој помазаник што е немоќен и не е во состојба да присуствува треба да му се овозможи да биде послужен со симболите.
◼ Кога е планирано истата Сала на Царството да ја користат повеќе собранија, тогаш меѓу нив треба да има добра координација за да се избегне непотребна турканица во ходникот или пред влезот, на тротоарите и на паркиралиштето.