Потсетувања за Спомен-свеченоста
Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи околу подготовките за Спомен-свеченоста:
◼ Погрижете се симболите да не бидат послужени пред зајдисонце.
◼ Треба да се набават и да бидат подготвени соодветни леб и вино. (Види Стражарска кула од 15 февруари 2003, страници 14, 15.)
◼ Во салата треба навреме да се донесат и да се постават соодветни маса и чаршаф, како и чаши и чинии.
◼ Салата на Царството или објектот каде што ќе се одржи свеченоста треба однапред темелно да се исчисти.
◼ Редарите и послужителите треба да бидат избрани доволно рано и да добијат упатства за нивните должности и за изгледот и облеката, кои треба да бидат достоинствени.
◼ Кога е планирано истата Сала на Царството да ја користат повеќе собранија, тогаш тие треба добро да соработуваат за да се избегне непотребна турканица во ходникот или пред влезот, на тротоарите и на паркиралиштето.
◼ Ако користите друг објект, проверете дали ќе има соодветен разгласен систем за да можат сите присутни да го слушаат говорникот.