Распоред за седмицата од 11 јануари
СЕДМИЦА ОД 11 ЈАНУАРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 15, пас. 10-17, рамка на стр. 177
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Исус Навин 21-24
Бр. 1: Исус Навин 24:1-13
Бр. 2: Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?
Бр. 3: Дали Библијата вели дека душата продолжува да живее откако човек ќе умре? (rs-SB стр. 261, пас. 1-5)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
15 мин.: Научи ги интересентите да проучуваат. Дискусија со присутните на темел на материјалот од поднасловот „Како се проучува“, на страници 28-31 во книгата Школа за служба. На почетокот нека има презентација во која еден искусен објавител го користи материјалот на 7. страница од книгата Што учи Библијата за да му покаже на еден нов интересент како да се подготвува за студијата.
15 мин.: „Дали сум доволно способен да проповедам?“ Дискусија со прашања и одговори. Откако ќе го разгледате 4. пасус, интервјуирај еден објавител и постави му прашања слични на овие: Какви пречки мораше да надминеш за да проповедаш делотворно? На кои начини ти беше помогнато да станеш активен и делотворен објавител?