Дали сум доволно способен да проповедам?
1. Зошто не треба да мислиме дека не сме доволно способни да проповедаме?
1 Ако некогаш ти дојде на ум вакво прашање, не обесхрабрувај се! За да проповедаме, не мора да имаме некое посебно образование ниту, пак, некој вроден талент. Некои од првите христијани биле опишани како „неуки и обични“. Сепак, тие делотворно ја проповедале добрата вест бидејќи биле решени да го следат примерот што им го дал Исус (Дела 4:13; 1. Пет. 2:21).
2. На кој начин поучувал Исус?
2 Како поучувал Исус: Тој поучувал едноставно, практично и луѓето можеле лесно да го разберат. Користел прашања, споредби и едноставни воведи кои им го привлекувале вниманието на слушателите (Мат. 6:26). Вистински се интересирал за луѓето (Мат. 14:14). Освен тоа, Исус зборувал со увереност и со авторитет, бидејќи знаел дека Јехова му дал налог и го оспособил да ја извршува својата задача (Лука 4:18).
3. Како Јехова ни помага да ја извршуваме нашата служба?
3 Јехова ни помага: Преку својата Реч и преку својата организација, Јехова, нашиот Најголем Учител нѐ поучува делотворно да ја проповедаме добрата вест (Иса. 54:13). Бидејќи зачувал запис за начинот на кој поучувал Исус, ние можеме да ги анализираме и да ги применуваме неговите методи. Јехова ни го дава својот свет дух и нѐ поучува преку собраниските состаноци (Јован 14:26). Освен тоа, во собранието има поискусни објавители кои можат да ни помогнат да станеме поделотворни.
4. Зошто можеме да се чувствуваме доволно способни да им ја пренесуваме добрата вест на другите?
4 Можеме да се чувствуваме доволно способни да проповедаме бидејќи „нашата способност доаѓа од Бог“ (2. Кор. 3:5). Ако се потпираме на Јехова и ако добро го користиме сето она што со љубов ни го дава, ќе бидеме ‚вистински способни и потполно опремени за секое добро дело‘ (2. Тим. 3:17).