Најважното дело
1. Какви жртви ќе бидеме спремни да правиме ако многу го цениме проповедањето?
1 Зошто сме постојано поттикнати да ги посветиме нашето време, сила и средства на службата на проповедање? Бидејќи тоа е најважното дело! Ако размислуваме за тоа колку големо влијание има проповедањето, ќе имаме поголема желба да учествуваме во ова дело што никогаш нема да се повтори (Дела 20:24).
2. Како се посветува Јеховиното име преку нашето проповедање?
2 Се посветува Јеховиното име: Проповедничкото дело истакнува дека Јеховиното Царство чиј Цар е Исус Христос ќе ги замени сите човечки влади и ќе ги реши сите проблеми што ги мачат луѓето (Мат. 6:9, 10). Со ова дело се велича Јехова како единствениот кој може да нѐ спаси од болеста и од смртта (Иса. 25:8; 33:24). Освен тоа, бидејќи го носиме неговото име, можеби и другите ќе го слават кога ќе го видат нашето добро однесување и нашата ревност (1. Пет. 2:12). Пресреќни сме што низ целиот свет го објавуваме името на Севишниот Господар Јехова! (Пс. 83:18).
3. Какви благослови добиваат оние што ја прифаќаат добрата вест за Царството?
3 Спасува животи: Јехова „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“ (2. Пет. 3:9). Но, како ќе знаат луѓето што е исправно, а што неисправно во Јеховини очи ако некој не ги поучи? (Јона 4:11; Рим. 10:13-15). Кога некој ќе ја прифати добрата вест, почнува да ги отфрла лошите навики и животот му станува подобар (Мих. 4:1-4). Освен тоа, добива прекрасна надеж за вечен живот. Со тоа што проповедаме и ги поучуваме другите, се спасуваме и себеси и оние што нѐ слушаат (1. Тим. 4:16). За нас е навистина огромна чест што можеме да учествуваме во ова најважно дело!
4. Зошто треба да дадеме сѐ од себе во делото на проповедање и поучување за Царството?
4 Наскоро големата неволја ненадејно ќе му стави крај на овој неправеден свет. Оние што се на Јеховината страна ќе преживеат. Затоа, делото на проповедање и поучување е најитното, најважното и најкорисното дело што се врши денес. Да го ставиме на прво место во нашиот живот! (Мат. 6:33).