Распоред за седмицата од 15 март
СЕДМИЦА ОД 15 МАРТ
□ Собраниско проучување на Библијата:
cf погл. 1, пас. 16-20, рамка на стр. 13
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Самоилова 5-9
Бр. 1: 1. Самоилова 6:1-9
Бр. 2: Како можеме да се заштитиме од Сатана и од демоните?
Бр. 3: Што значи споредбата за богаташот и Лазар? (rs-SB стр. 267, пас. 1-3)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
15 мин.: Добро користи го Годишникот за 2010. Дискусија со присутните. Треба да се истакнат главните мисли од Писмото од Водечкото тело, од додатокот во Нашата служба за Царството. Избери неколку искуства од Годишникот и нагласи како можат таквите искуства да нѐ охрабрат во нашата служба. Замоли ги присутните да кажат кои податоци од извештајот од целиот свет им оставиле посебен впечаток. На крајот, поттикни ги сите да го прочитаат целиот Годишник.
15 мин.: „Најважното дело.“ Дискусија со прашања и одговори. Откако ќе го разгледате 3. пасус, интервјуирај еден објавител кој ја проучувал Библијата со интересент што добро напредувал. Какви промени морал да прави интересентот? Како влијаело тоа врз објавителот?