Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 јуни 2011 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 2 мај до 27 јуни 2011 год.
1. Каква поука можеме да извлечеме од тоа што Јехова побарал Јов да се помоли за оние кои му згрешиле? (Јов 42:8) [w98 15/8 стр. 30, пас. 5]
2. Што претставуваат ‚праведните жртви‘ што ги принесуваат христијаните денес? (Пс. 4:5) [w06 15/5 стр. 18, пас. 9]
3. На кој начин бубрезите го опоменувале Давид? (Пс. 16:7) [w04 1/12 стр. 14, пас. 9]
4. На кој начин „небесата ја објавуваат Божјата слава“? (Пс. 19:1) [w04 1/10 стр. 10, пас. 8]
5. Според Псалм 27:14, каква е врската меѓу надежта и храброста? [w06 1/10 стр. 26-27, пас. 3, 6]
6. Што треба да имаме на ум кога бараме заем од некој брат? (Пс. 37:21) [w98 1/12 стр. 25, пас. 3]
7. Каква поука можеме да извлечеме од примерот на еден левит кој бил во изгнанство? (Пс. 42:1-3) [w06 1/6 стр. 9, пас. 3]
8. Што може да ни помогне да развиеме љубов кон праведноста и омраза кон злото? (Пс. 45:7) [cf стр. 58-59, пас. 8-10]
9. Дали Јехова навистина создава во нас ново срце, па дури и ни влева нов дух и ни буди желба? (Пс. 51:10, 12) [w07 15/5 стр. 17, пас. 2, 4-5]
10. На кој начин можеме да бидеме како маслинка во Божјиот дом? (Пс. 52:8) [w00 15/5 стр. 29, пас. 6]