Распоред за седмицата од 4 јули
СЕДМИЦА ОД 4 ЈУЛИ
Песна 85 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
bt погл. 6, пас. 1-8, рамка на стр. 44 (25 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Псалми 52-59 (10 мин.)
Повторување во Теократската школа за служба (20 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
10 мин.: Известувања. „Колку време треба да известам?“ Говор на старешина. По говорот, на темел на предлогот од 4. страница, нека има приказ во кој ќе се види како може да се започне библиска студија првата сабота во јули. Поттикни ги сите да одат во служба тој ден и да го применат предлогот во пракса.
10 мин.: Подготви се да ги нудиш списанијата за јули. Дискусија. Одвој една до две минути за да дадеш краток преглед на списанијата. Потоа издвој две-три статии и замоли ги присутните да предложат прашања и стихови што би можеле да се користат во презентација. Нека има прикази во кои ќе се види како може да се понудат овие списанија.
15 мин.: Локални потреби или Биди тактичен кога проповедаш. Дискусија на темел на книгата Школа за служба, страници 197-199. Нека има приказ во кој еден објавител нетактично одговара на вообичаен приговор. Потоа, во друг приказ, објавителот тактично одговара на истиот приговор.
Песна 92 и молитва