„Колку време треба да известам?“
Дали некогаш си го поставил ова прашање? Општи насоки може да се најдат во книгата Организирани, страници 86-87. Повремено добиваме и додатни упатства како, на пример, во рубриката Прашања во Нашата служба за Царството од септември 2008. Бидејќи има најразлични ситуации, не е даден долг список со правила. Затоа, нема потреба ниту старешините ниту некој друг да поставуваат нови правила.
Ако се појави некое прашање за кое не е даден конкретен одговор во нашите публикации, секој објавител може да се преиспита: Дали времето што сакам да го известам го поминав во службата или го потрошив за нешто што, всушност, не е дел од проповедничката активност? Она што ќе го запишеме во својот извештај треба да биде причина за радост, а не за лоша совест (Дела 23:1). Најважно не треба да ни биде како да го известиме времето, туку како најдобро да го искористиме. А најдобро ќе го искористиме ако сме трудољубиви во службата на проповедање (Евр. 6:11).