ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/99 стр. 4
  • Делотворно користи го своето време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Делотворно користи го своето време
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Состаноци за проповедање
    Нашата служба за Царството 2009
  • Како најдобро да го искористиш времето во службата?
    Нашата служба за Царството 2015
  • Биди делотворен во службата
    Нашата служба за Царството 1998
  • Состаноци за проповедање кои ја исполнуваат својата цел
    Нашата служба за Царството 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 6/99 стр. 4

Делотворно користи го своето време

1 Сите имаме ист износ време на располагање секоја седмица. Износот што го посветуваме на ширењето на добрата вест е особено скапоцен затоа што тоа е време што го трошиме во едно животоспасувачко дело (Рим. 1:16). Покажуваме ценење за ова со тоа што добро се подготвуваме за планираната служба, на време пристигнуваме на состаноците за служба и веднаш заминуваме на подрачјето. Повеќе сакаме да проповедаме отколку да чекаме. Бидејќи Јехова нѐ поучил дека „сѐ има свое време“, треба навистина делотворно да го искористиме времето што сме го одвоиле за служба (Проп. 3:1).

2 Мудро управувај со своето време: Добиваме многу благослови кога цврсто се држиме за еден распоред кој овозможува редовно учество во службата на теренот. Се разбира, добрите резултати што ги постигнуваме во службата треба да бидат сразмерни со износот време што го минуваме во неа. Со некои мали измени во нашата рутина, би можеле ли да посветиме повеќе време во службата на теренот? На пример, после активноста со списанија во сабота, би можеле ли да одвоиме уште малку време за да направиме неколку повторни посети? Ако некое време сме биле во служба на теренот во недела, би можеле ли да поминеме малку време и во правењето повторни посети или водењето библиска студија? Дали би било можно да ја надополниме нашата активност од куќа до куќа со сведочење на улица? На овој или на други начини, ќе можеме да се подобриме во нашата служба.

3 Кога сме излезени во служба, можеме да потрошиме скапоцено време ако не сме внимателни. Се разбира, кога временските услови се лоши, една кратка пауза ќе нѐ освежи и ќе ни помогне да продолжиме. Меѓутоа, биди урамнотежен, бидејќи таквите паузи не се секогаш потребни.

4 Во последниве години станува сѐ потешко да се најдат луѓето дома. За да се справат со оваа ситуација, многу објавители сведочат од врата до врата во различно време од денот. Зошто не се обидеш да сведочиш доцна попладне или рано навечер?

5 Подобро е да не разговараме додека го извршуваме делото на улица. Наместо тоа, стојте одвоени еден од друг и пристапувајте им на луѓето за да започнете разговор со нив. Така, времето ќе се искористи поделотворно и од работата ќе произлезе поголема радост.

6 Искористи ги приликите за сведочење: Кога станарката рекла дека не е заинтересирана, една жена Сведок прашала дали во куќата има некој друг со кој би можела да разговара. Тоа водело до разговор со домаќинот на куќата, кој многу години бил болен и бил врзан за кревет. Надежта изнесена во Божјата реч го обновила неговиот интерес за животот. Наскоро станал од кревет, присуствувал на состаноците во Салата на царството и ја споделувал со другите својата новопронајдена надеж!

7 Една сестра тинејџерка го применила предлогот да учествува во службата на теренот еден час пред Собраниската студија на книга. На првата врата сретнала едно 13-годишно девојче кое внимателно слушало и зело литература. Следниот ден на училиште, младата сестра го видела истото девојче. Кратко потоа, ѝ понудила да ја проучува Библијата со неа и девојчето прифатило.

8 Времето нека биде квалитетно: Редовното учество во службата на теренот ни помага да ги развиеме нашите вештини за презентирање на добрата вест. Можеш ли да ја подобриш својата способност на започнување разговор на вратата користејќи поделотворен увод? Можеш ли да станеш повешт учител кога водиш домашна библиска студија? Ако го правиш тоа, навистина можеш делотворно да го искористиш своето време во службата и да ја направиш попродуктивна (1. Тим. 4:16).

9 Бидејќи „времето натаму е кратко“, нашите животи треба да бидат исполнети со христијански дела (1. Кор. 7:29). Одвојувањето време за проповедничка активност треба да биде високо на нашиот список на приоритети. Да имаме здраво, ревносно учество во службата. Времето е прекрасен посед што ни го дал Јехова. Секогаш користи го мудро и делотворно.

[Рамка на страница 4]

Разгледај ги овие предлози:

◼ Навреме пристигнувај на состаноците за служба.

◼ Во разумна мерка одржувајте мали групи за сведочење.

◼ Избегнувај да се задржуваш кога одиш на подрачјето.

◼ Обработувај го подрачјето кога повеќето луѓе се дома.

◼ Понекогаш, кога тоа е безбедно, работи сам.

◼ Прави ги повторните посети кои ти се најблиску до подрачјето од врата до врата.

◼ Остани зафатен во службата кога другите во групата се задржале на некоја врата.

◼ Секогаш кога е можно, во зависност од околностите, остани во службата подолго од еден час.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели