ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/09 стр. 6-7
  • Состаноци за проповедање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за проповедање
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Состаноци за проповедање кои ја исполнуваат својата цел
    Нашата служба за Царството 2015
  • Искористи ги во потполност состаноците за проповедање
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како да извлечеш корист од групата за проповедање
    Нашата служба за Царството 2012
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 8/09 стр. 6-7

Состаноци за проповедање

1. Зошто организирано да ја вршиме службата на проповедање?

1 Исус ни оставил добар пример за тоа како на организиран и ефикасен начин да ја вршиме службата за Царството. И денес, оние што се одговорни за ова меѓународно дело на проповедање сакаат тоа да се одвива на ист начин. Токму од таа причина, во собранијата низ целиот свет состаноците за проповедање се еден начин на кој објавителите може да се организираат во групи за проповедање (Мат. 24:45-47; 25:21; Лука 10:1-7).

2. Што треба да биде опфатено на состаноците за проповедање?

2 Корисни состаноци: Состаноците за проповедање се наменети да им дадат охрабрување, практични упатства и водство на оние што ќе одат во служба. Може накратко да се разгледа дневниот стих доколку е поврзан со службата на проповедање. Понекогаш, може да се користат потсетувања од Нашата служба за Царството, од книгата Расправљање или можеби од книгата Школа за служба. Може да има и краток приказ во врска со некоја публикација што ќе се нуди. Пред завршната молитва, секој треба да знае со кого ќе оди во служба и каде се наоѓа подрачјето на кое ќе проповедаат. Откако ќе заврши овој состанок, кој треба да трае најмногу 15 минути, сите треба да одат на подрачјето.

3. Кој има одговорност да ги организира состаноците за проповедање?

3 Како се организираат? Надгледникот за служба, кој треба да преземе водство, е одговорен за организирање на состаноците за проповедање. Надгледниците на групите, или нивните помошници, имаат одговорност за време на викендите да одат во служба со објавителите од својата група. Некои надгледници или слуги-помошници можеби ќе можат да го прават тоа и во работните денови. Надгледниците на групите соработуваат со надгледникот за служба за да има доволно подрачја на кои нивната група ќе може да оди во служба од куќа до куќа преку викенд. Во текот на седмицата, надгледникот за служба ќе ги организира браќата кои ќе одат со групите во служба на проповедање.

4-6 а) Во врска со собраниското подрачје, која е целта на состаноците за проповедање? б) Што треба да се земе предвид кога ќе се одредува каде и кога да се одржуваат состаноците за проповедање?

4 Каде и кога треба да се одржуваат овие состаноци? Наместо целото собрание да се собира на едно место, обично е најдобро овие состаноци да се одржуваат во приватни домови низ целото собраниско подрачје со цел ефикасно да се обработува. Но, можат да се користат и Салите на Царството. Во недела, кратко по јавното предавање и Проучувањето на Стражарска кула, многу собранија одржуваат состанок за проповедање во Салата на Царството. Треба да се внимава на тоа објавителите да не мораат долго да патуваат до подрачјето. Затоа, одвреме-навреме може да се проверува дали местата каде што се одржуваат состаноците за проповедање сѐ уште овозможуваат подрачјето да се обработува ефикасно и темелно.

5 Кога и колку пати во седмицата ќе се одржуваат овие состаноци зависи од самото подрачје. Следниве прашања може да ви помогнат да одредите каде и кога е најдобро да се одржуваат состаноци за проповедање.

6 На кој дел од подрачјето треба да му се обрне посебно внимание? Кое е најдоброто време да се оди во служба од куќа до куќа? Дали можеби треба да се вложи труди и навечер да се оди во служба од куќа до куќа или на повторни посети? Сите информации во врска со состаноците за проповедање треба да се стават на собраниската огласна табла. Сите објавители сакаат темелно да го обработат своето подрачје за да можат и тие, како апостол Павле, да кажат: „Повеќе нема подрачје каде што уште не се проповедало“ (Рим. 15:23).

7. Каква одговорност има оној што го води состанокот за проповедање?

7 Одговорности на оние што ги водат состаноците за проповедање: Оној што ќе води ваков состанок треба добро да се подготви со што ќе покаже длабока почит кон Јеховината организација. Состаноците треба да започнат навреме и треба да бидат поучни и кратки, од 10 до 15 минути. Водителот треба пред состанокот да обезбеди подрачја на кои ќе може групата да проповеда. Откако ќе заврши состанокот, иако не мора да се чекаат оние што задоцниле, би било корисно да им се остави порака за тоа каде ќе проповеда групата. По состанокот, сите треба да одат на подрачјето. Кога состанокот за проповедање е добро организиран и поучен, тоа ќе им помогне на сите присутни да бидат поделотворни во службата тој ден (Изр. 11:14).

8. Како можеме да соработуваме со оние што предводат на состаноците за проповедање?

8 Присуство на состаноците за проповедање: Соработката е многу важна (Евр. 13:17). Кога е можно, оној што ја организира групата ќе се погрижи сите да имаат со кого да одат во служба. Добро е да бидат присутни поискусни објавители за да можат да им помогнат на поновите и понеискусните објавители. Оние што се спремни да проповедаат со некој со кого не планирале, можеби ќе помогнат да се постигнат многу добри резултати (Изр. 27:17; Рим. 15:1, 2). Сите треба да се погрижиме да дојдеме навреме. Од почит кон теократскиот ред и од обѕир кон нашите соверници ќе бидеме поттикнати да ги направиме потребните промени во овој поглед (2. Кор. 6:3, 4; Фил. 2:4).

9. Како можат пионерите да ги поддржуваат состаноците за проповедање?

9 Поддршка од пионерите: Поддршката што ја даваат пионерите на состаноците за проповедање е скапоцена и охрабрувачка за сите. Се разбира, пионерите имаат многу одговорности. Освен што водат библиски студии и одат на повторни посети, тие можеби треба да се грижат за семејни обврски и да одат на работа. Затоа, пионерите не треба да чувствуваат обврска да доаѓаат на секој состанок за проповедање што го организира собранието, особено ако има состанок секој ден. Но, веројатно ќе можат да дојдат на неколку состаноци за проповедање секоја седмица. На тие состаноци добиваме обука за службата, а со своето искуство и доброто познавање на Библијата пионерите можат многу да помогнат. Бидејќи постојано се во служба, тие имаат насобрано големо искуство. Ова искуство можат да им го пренесат и на другите. Тие даваат добар пример со тоа што ревносно одат во служба и на состаноците за проповедање. Ние многу го цениме нивното присуство на овие состаноци.

10. Зошто е добро сите објавители на Царството сесрдно да ги поддржуваат состаноците за проповедање?

10 Како што било случај со Исус и со неговите ученици, голем дел од нашето дело на проповедање се извршува преку сведочењето од куќа до куќа. Целта на состаноците за проповедање е да се храбриме меѓусебно и да бидеме делотворни во ова дело. Сите објавители на добрата вест треба да дадат сѐ од себе за да ги поддржуваат таквите состаноци што ги организира собранието (Дела 5:42; 20:20). Сите да ги направиме потребните промени за да дадеме сесрдна поддршка. Ако го правиме тоа, можеме да бидеме уверени дека Јехова богато ќе нѐ благослови и ќе го радуваме нашиот Водач, Исус Христос, додека ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство (Мат. 25:34-40; 28:19, 20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели