Рубрика прашања
◼ Кои информации треба да се изнесат на состаноците за служба на теренот?
Целта на состанокот за служба на теренот е да ни помогне да се сосредоточиме на активноста што следи — службата. Затоа, оној што го води треба да биде добро подготвен и спремен да каже нешто охрабрувачко, конкретно и практично. Ако дневниот стих директно зборува за проповедничката активност, може да се прочита и кратко да се дискутира за него. Меѓутоа, состанокот треба да се сосредоточи првенствено врз делото што претстои, помагајќи им на сите оние што одат во делото на сведочење да бидат подобро опремени да ја извршат службата тој ден (2. Тим. 4:5).
Може да се дискутира за применливи мисли од Наша служба за Царството за да се запознаат сите со тековната понуда и како да ја изнесат. На Денот со списанија може да се прикаже презентација од „Што да речеш за списанијата“. За други кампањи можат да се истакнат еден или два увода од книгата Расправљање што одговараат на локалното подрачје. Може да се дискутира или да се прикаже некој аспект од службата, како на пример, како да се користи Библијата на врата, како да се излезе на крај со некој потенцијален приговор за да се прекине разговорот, како да се понуди библиска студија или како да се следи интересот.
Состаноците за служба не треба да траат подолго од 10 до 15 минути, а во тоа спаѓа организирање на групи, доделување подрачје и молитва. Кога ќе заврши состанокот, секој од присутните треба да знае со кого и каде ќе оди да сведочи и треба веднаш да се тргне на подрачјето. Бидејќи состанокот трае кратко, важно е сите да дојдат навреме. Кога состанокот за служба се одржува веднаш по собранискиот состанок, како што е студијата на Стражарска кула, треба да трае пократко. Нема потреба да се дискутира за дневниот стих бидејќи веќе имало убава библиска дискусија.
Квалификувани крстени браќа треба однапред да бидат доделени да го водат секој состанок за служба. Ако некој ден нема никој што ќе го води овој состанок, старешините треба да назначат кои крстени сестри можат да го прават тоа кога ќе биде потребно. Седејќи, сестрата може да започне групна дискусија за дневниот стих или за други мисли поврзани со службата на теренот, давајќи само кратки забелешки. Главата треба да ѝ биде покриена.
Состаноците за служба на теренот се одлични прилики да бидеме охрабрени и опремени да учествуваме во службата. Колку подобро е подготвен водителот, толку поголема корист ќе извлечат сите.