Дневниот стих нема повеќе да се разгледува на состаноците за проповедање
Досега, на состаноците за проповедање можеше кратко да се дискутира за дневниот стих доколку беше поврзан со службата. Но, сега тоа е сменето. Брошурката Секојдневно истражување на Писмото не треба повеќе да се користи како основа за дискусиите на овие состаноци. Водителите и понатаму можат да ја користат Библијата, Нашата служба за Царството, книгата Школа за служба, книгата Резоновање и друг материјал поврзан со службата. Тие треба добро да се подготват за да изнесат на состанокот практични информации кои ќе им бидат од помош на оние што одат во служба тој ден. Во должината на состаноците ништо не се менува — тие треба да траат од 10 до 15 минути, а ако се одржуваат по некој собраниски состанок, тогаш и пократко.