Промени во состаноците
Почнувајќи од седмицата од 3 септември, Собраниското проучување на Библијата ќе трае 30 минути, а не 25 како досега. Во своите уводни коментари, братот што ја води точката треба да одвои една минута за да ја резимира претходната лекција. Ќе има промени и во времетраењето на Состанокот за нашата служба — од 35 на 30 минути. Повеќе нема да има посебна точка за известувања. Наместо тоа, сите известувања треба да се дадат на почетокот од првата точка од распоредот. Обично тоа ќе бидат само неколку известувања или воопшто нема да има известувања, и нема потреба да се најавува што ќе биде изнесено на состанокот. Не треба да се даваат известувања во врска со состаноците за проповедање и со тоа кој е на распоред за чистење ниту треба да се пренесуваат поздрави (km 10/08 стр. 1, пас. 4). Ако треба да се дадат долги известувања, би било добро оние што имаат точки на состанокот однапред да го знаат тоа за да можат да ја скратат својата точка.