Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? (Дел 1)
Како што созреваат, младите мораат да донесуваат важни одлуки во животот. За да им се помогне во тоа, беше издадено DVD-то Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? На главното мени, избери Драма и види дали ќе можеш да одговориш на прашањата од 2. пасус. Врати се на главното мени и избери Интервјуа, а потоа избери Навраќање на минатото и обиди се да одговориш на прашањата од 3. пасус.
Драма: 1) Во кој поглед ситуацијата на Тимотеј е слична на ситуацијата на голем број млади христијани денес? 2) Кој му вршеше притисок на Андре да стане успешен атлетичар? 3) Што му рече брат Флајсиг на Андре за: а) тоа да се биде посветен и на Јехова и на спортот? (Мат. 6:24). б) тоа што нѐ прави вистински среќни? в) тоа на што го потсетувала чинијата од концентрациониот логор? г) луѓето на сликата со него и жена му? д) тоа дали му е криво што се откажал од своите сништа? (Фил. 3:8). 4) Како баба му на Андре одговори на прашањето: „Погрешно ли е тоа што сакам да станам атлетска ѕвезда?“ (Лука 4:5-7). 5) Дали победата во трката му донесе вистинско задоволство на Андре? 6) Што ти остави впечаток во последното писмо на брат Флајсиг до Андре? (Изр. 10:22). 7) Што сфати Андре со помош на брат Флајсиг?
Навраќање на минатото: 8) Каква кариера граделе братот и сестрата, и зошто? 9) Колку успешни биле во тоа? 10) Што било пресвртница во нивниот живот? (2. Кор. 5:15). 11) Со каква теократска кариера ги замениле претходните, и зошто мислеле дека не можат да ги имаат двете истовремено? 12) Дали жалат затоа што го посветиле животот на нешто друго? 13) Која од нивните изјави особено те поттикна да размислиш за тоа на што да го посветиш твојот живот?
Можеш да ги гледаш и другите интервјуа и додатокот кои ќе се разгледуваат на Состанокот за нашата служба следната седмица.