ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/13 стр. 1
  • Ќе бидеш ли и ти помошен пионер?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе бидеш ли и ти помошен пионер?
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Почни да планираш уште сега
    Нашата служба за Царството 2012
  • Зголеми ја својата радост во периодот околу Спомен-свеченоста
    Нашата служба за Царството 2014
  • Се бараат — 100.000 помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1997
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 2/13 стр. 1

Ќе бидеш ли и ти помошен пионер?

1. Зошто периодот околу Спомен-свеченоста ни дава убава можност да ја зголемиме својата служба?

1 Периодот околу Спомен-свеченоста ни дава можност да учествуваме во службата во зголемена мера. Тогаш се сеќаваме на големата љубов што ја покажал Јехова со тоа што го дал својот Син како откупнина (Јован 3:16). Бидејќи длабоко го цениме она што Јехова го направил за нас, имаме голема желба да им кажеме и на другите за него и за она што тој го прави за човештвото (Иса. 12:4, 5; Лука 6:45). Исто така, во тој период учествуваме во една посебна акција со која ги каниме познајниците и луѓето на подрачјето да дојдат на Спомен-свеченоста. Потоа, се трудиме да го следиме интересот на оние што присуствувале. Дали и ти ќе учествуваш повеќе во службата така што ќе се пријавиш за помошен пионер во март, април или мај?

2. Зошто март е особено добар месец за помошна пионерска служба?

2 Добро искористи го месец март: Март ќе биде особено добар месец за помошна пионерска служба. Оние што сакаат да се пријават можат да одберат дали ќе поминат 30 или 50 часови во служба. Оние што ќе служат како помошни пионери во собранијата што покраинскиот надгледник ќе ги посети тој месец ќе можат да присуствуваат на целиот состанок кој се одржува со општите и специјалните пионери. Акцијата во која ќе ги каниме луѓето да дојдат на Спомен-свеченоста, која ќе се одржи во вторник, 26 март 2013 год., ќе трае малку подолго од претходните години и ќе започне на 1 март. Освен тоа, оваа година март има пет цели викенди. Затоа, зошто не размислиш дали и ти би можел да правиш повеќе во службата во овој посебен месец од годината?

3. Што можеме да направиме за да ја зголемиме нашата служба?

3 Планирај уште сега: Добро е уште сега да размислиш какви промени би можел да направиш за да имаш време да служиш како пионер. Бидејќи поддршката од семејството е многу важна, за време на Семејната вечер зборувајте за вашите цели како семејство и направете си план (Изр. 15:22). Ако не си во можност да бидеш помошен пионер, не се разочарувај. Можеш ли да смениш нешто за деновите кога одиш во служба да останеш малку подолго? Можеш ли и друг ден од седмицата да одиш во служба?

4. Какви благослови ќе имаме ако ја зголемиме службата во март, април и мај?

4 Со тоа што во март, април и мај ќе учествуваме во поголема мера во службата ќе почувствуваме уште поголема радост и задоволство додека им служиме на Јехова и на другите (Јован 4:34; Дела 20:35). Што е уште поважно, со нашата самопожртвуваност ќе го радуваме Јехова (Изр. 27:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели