ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСАИЈА 58-62
Објавувај ја годината на Јеховината милост
„Годината на Јеховината милост“ не е дословна година
Тоа е период во кој Јехова им дава можност на кротките да ја прифатат пораката за слобода
Во првиот век, годината на милост започнала 29 год. од н.е., кога Исус ја почнал својата служба, а завршила со „денот на одмаздата“ на Јехова во 70 год. од н.е., кога Ерусалим бил уништен
Во наше време, годината на милост започнала 1914 год., кога Исус станал Цар на небото, а ќе заврши со големата неволја
Јехова го благословува својот народ со „дрвја на праведноста“
Хебрејскиот збор за „дрвја“ во овој стих укажува на големи и силни дрвја
Највисоките дрвја во светот обично растат во шуми. Тоа што растат заедно, им служи како заштита
Корењата честопати им се испреплетени, а тоа ги прави постабилни и поотпорни на бури
Со својата сенка, поголемите дрвја ги штитат помладите дрвца, а лисјата што паѓаат служат како природно ѓубриво за почвата
Сите Божји слуги наоѓаат поддршка и заштита меѓу дрвјата на праведноста, односно помазаниците кои сѐ уште се на Земјата