ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/7 стр. 22-23
  • Дрвја што го издржуваат испитот на времето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дрвја што го издржуваат испитот на времето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Метузалем на планината
    Разбудете се! 2004
  • „Господовите дрва се наситија со храна“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Објавувај ја годината на Јеховината милост
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • ‚Продолжете да одите во заедница со Христос‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/7 стр. 22-23

Дрвја што го издржуваат испитот на времето

Гребенот можеби не личи баш на идеално место за изградба на дом, особено ако се наоѓа високо во планините. меѓутоа, и покрај очигледните неповолни фактори, некои алпски дрвја се држат цврсто фиксирани за стрмните делови од карпите, издржувајќи го ледениот зимски студ и поднесувајќи ги летните суши.

ОБИЧНО, овие издржливи дрвја не се толку величествени како нивните роднини од низината. Труповите можат да им бидат глуждовити и искривени, а растот прилично ограничен. Некои дури личат на природни бонсаи — нив ги обликува и поткаструва острата клима и скудната почва во која растат.

Поради тоа што издржуваат во една од најнегостољубивите средини на Земјата, можеби си претпоставуваш дека таквите дрвја имаат краток животен век. Но, напротив. Некои тврдат дека Матусал, глуждовитиот бор, кој расте на висина од 3.000 метри на Белите Планини во Калифорнија, е стар 4.700 години. Во Гинисовата книга на рекорди — 1997, овој вид е наведен како најстарото живо дрво на планетата. Едмунд Шулман, кој правел истражувања за ваквите древни дрвја, објаснил: „Глуждовитиот бор . . . се чини преживува поради неповолните фактори. Сите постари [борови] на Белите Планини се наоѓаат на висина од речиси 3.000 метри во сува, карпеста пустелија“. Исто така, Шулман открил дека најстарите видови од другите борови исто така растеле во сурови околности.

Иако мора да совладаат непогоди, овие примери на истрајност максимално ги користат двете предности што ги имаат. Нивната осамена локација, на која вегетацијата е ретка, ги заштитува од шумските пожари, една од најголемите закани за постарите дрвја. А другата е што своите корења толку цврсто ги зацврстуваат за стрмните делови на карпите што само земјотрес може да ги помести.

Во Библијата, верните Божји слуги се споредени со дрвја (Псалм 1:1-3; Еремија 17:7, 8). И тие може да се соочат со непогоди поради околностите во кои се наоѓаат. Прогонството, лошото здравје или измачувачката сиромаштија можат сурово да ја испитаат нивната вера, особено кога испитите продолжуваат од година на година. Сепак, нивниот Творец, кој ги дизајнирал дрвјата за да можат толку добро да издржат неповолни услови, ги уверува своите обожаватели дека ќе ги поддржува и нив. На оние што не попуштаат, Библијата им ветува: „[Тој] ќе ве зацврсти, ќе ве зајакне“ (1. Петрово 5:9, 10).

Зад грчкиот глагол што во Библијата честопати се преведува со „истрае“, стои мислата ‚да не се попушти, да се остане цврст или да се издржи‘. Како и алпските дрвја, клучот да се истрае е доброто зацврстување. Во случајот со христијаните, за да останат цврсти, тие треба да бидат цврсто вкоренети во Исус Христос. „Како што го прифативте Господ Христос Исус,“ напишал Павле, „и понатаму одете во обединетост со него, вкоренети и изградени во него и утврдени во верата, токму како што бевте поучени, изобилувајќи со вера во благодарењето“ (Колошаните 2:6, 7).

Павле ја увидел потребата од јаки духовни корени. И самиот се борел со „трн во телото“, а во текот на својата служба претрпел сурово прогонство (2. Коринќаните 11:23-27; 12:7). Но, тој открил дека може да продолжи со Божја сила. „За сѐ имам сила со помош на оној кој ми дава моќ“, изјавил тој (Филипјаните 4:13).

Како што покажува примерот на Павле, успешната истрајност на еден христијанин не зависи од поволните услови. Како што алпските дрвја со векови ги издржуваат неповолните фактори така и ние нема да попуштиме ако сме вкоренети во Христос и ако сме зависни од силата што ја дава Бог. Освен тоа, ако истраеме до крајот, го имаме изгледот да го доживееме остварувањето на едно друго божествено ветување: „Векот на Мојот народ ќе биде како векот на дрвото“ (Исаија 65:22; Матеј 24:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели